Џевахир Скај Сити им додели благодарници на музичарите кои викендов приредија музички хепенинг од покривот на Џевахир
Објавено во: Мои пари 07 Мај, 2020 15:26
Наде Талевска, Горан Наумовски, Trinity Strings и DJ Todoroff кои во неделата со настап во живо на роофтопот на 41 кат на кулите Џевахир приредија несекојдневен музички хепенинг денес, во просториите на Општина Аеродом, добија благодарници од компанијата Џевахир Скај Сити која заедно со општината беше организатор на настанот.

Настапот на музичарите кои овозможија станарите на комплексот Џевахир, жителите на Аеродром, но и сит скопјани кои преку live stream преносот го следеа настанот, да уживат во убавата музика и на овој начин иако одвоени, сепак заедно, да поминат убава вечер во дружба, инаку беше без никаков надомест. Токму затоа, како благодарност за нивниот придонес во подигање на духот на граѓаните во ова време на пандемија, од страна на Џевахир Скај Сити покрај благодарници им беа доделени и „скај велнес вип картици“, со времетраење од 3 месеци, за користење СПА центри, базени и теретани во рамките на комплексот.
Благодарница исто така од страна на Џевахир Скај Сити му беше доделена и на градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.
Можеби ќе ве интересира
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“




