02 Декември, 2024
0.0433

Џиновско јаболко се роди во ресенско, eве колку тежи

Објавено во: Агробизнис 23 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Џиновскo јаболко се роди оваа сезона во овоштарникот на Горан Талевски од селото Долна Бела Црква во околината на Ресен.

Ова ретко се случува. Јаболкото тежи 730 грама. Тоа е неколку пати повеќе од другите јаболка кои oбично тежат од 170 до 200 грама.

„Мутсу му е оригиналното име и затоа го нарековме фамилијарно јаболко.  На неколку години се појавува вакво јаболко кога има голем род. Го нареков фамилијарно јаболко, идејата ја добив од фамилијарна пица. Скоро еден килограм, или колку 5-6 јаболка, а  тоа е дневно како за едно четиричлено семејство. Ова џиновско или фамилијарно јаболко ќе го конзумираме во кругот на семејството. Се гордеам што сум земјоделец, јаболкопроизводител, производител на храна. Од луѓето имаше различни коментари откако го видоа јаболкото“, вели Талевски.

Ова семејство веќе трета генерација се занимава со овоштарство.

„Имаме околу 5.000 садници. Се занимававме и со плечарство, но јас сум алергичен на убод од пчели. Секако последните 5-6 години временските услови не даваат можности за инвестиција. За проширување секако размислувам, но не ми дозволуваат бирократските процеси. Околу механизација се чека многу. Имам аплицирано за националната програма во мај 2019 година и уште немам одговор. Многумина мислат дека производството на јаболка е лесно, но всушност тоа е цела наука “, додава Талевски.

Овој овоштар вели дека за тоа дали може да се живее од јаболка, голем удел има откупната цена на овошјето.

Оваа година овоштарите се задоволни од родот на јаболка. Во Ресен и Преспа се родија високо квалитетни јаболка. За тоа придонесоа добрите временски услови.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.