18 Септември, 2024
0.0252

ДЗР: Приходите на пензискиот фонд не ја покриваат исплатата на социјалните бенефиции

Објавено во: Економија 28 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Зголемените приходи не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на социјални бенефиции во 2021 година кои се одвојуваат од Буџетот и учествуваат со 37,5% во вкупните приходи на пензискиот фонд, утврди Заводот за ревизија во денешниот извештај што го објави.

Со извршената ревизија за 2021 година ревизорите изразија мислење со резерва во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики за 2021 година.

„Во 2021 година остварени се приходи во износ од 81.508.271.000 денари. Изворните приходи т.е. приходите од наплатен придонес за ПИО во 2021 година се зголемени за 6,38% во однос на претходната 2020 година и изнесуваат 49.289.354 илјади денари, што претставува учество од 60.47% од вкупно остварените приходи“, се констатира во ревизијата.

Оствареното зголемување на приходите во 2021 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за социјални бенефиции кои исто така бележат раст од година во година. Имено, расходите за социјални бенефиции (исплата на пензиските примања заедно со придонесот за здравствено осигурување на пензионерите, трансферите до вториот пензиски столб и инвалиднината) во 2021 година изнесуваат 79.677.493 илјади денари за вкупно 328.570 корисници на пензиски примања односно заклучно со декември 2021 година исплатените средства се за 3,8% повисоки во однос на 2020 година. 

 Поради недостаток (дефицит) на средства за исплата на расходите за социјални бенефиции во 2021 година од Буџетот на РСМ трансферирани се средства во висина од 30.580.301 илјади денари, а учеството на овие средства во вкупните приходи на Фондот бележи намалување во однос на 2020 година и изнесува 37.5%, од кои 29% се за покривање на тековниот дефицит за исплата на пензии.

Ревизијата го истакнува влијанието на неповолната демографска структура на населението во Република Северна Македонија кои беа потврдени со спроведениот Попис на населението, како и влијанието на тековните инфлаторни движење со кои е зафатена земјата и светот и нивното влијание врз работењето на Фондот со оглед на законската обврска да се изврши усогласување на висината на пензиските примања со индексот на трошоци на животот и порастот на платите.

Како резултат на наведеното, се очекува и подолгорочно гледано, финансиското работење на Фондот да продолжи да биде оптоварено со тековниот проблем на зголемен дефицит кој се покрива со трансфери од Буџетот на РСМ.

Потребно е Фондот да преземе активности во соработка со надлежните институции за обезбедување на: потребните кадровски капацитети за непречено функционирање на единицата за внатрешна ревизија и Секторот за ИТ.

Да се преземат активности за развој на актуарски и пензиски предвидувачки капацитети преку координирани активности за носење на законски решенија кои ќе придонесат  кон намалување на масата на пари за исплата на расходите за социјални бенефиции како и во делот на утврдување на придонесот од ПИО и целосна наплата на истиот како еден од сегментите за стабилизација на пензискиот систем што ќе има влијание на намалување на учеството на трансферите од Буџетот на РСМ во вкупните приходи на Фондот.


Можеби ќе ве интересира

СЕ ЗГОЛЕМИ НЕВРАБОТЕНОСТА ВО ШВЕДСКА: Колку луѓе се без работа?

СЕ ЗГОЛЕМИ НЕВРАБОТЕНОСТА ВО ШВЕДСКА: Колку луѓе се без работа?

ИНФЛАЦИЈА ВО ЕУ: И Словенија меѓу земјите со најниска стапка

ИНФЛАЦИЈА ВО ЕУ: И Словенија меѓу земјите со најниска стапка

Унгарскиот заем од 500 милиони евра ќе биде префрлен во една транша

Унгарскиот заем од 500 милиони евра ќе биде префрлен во една транша

„Вртењето кон обновливи извори на енергија е еден од главните приоритети во годините пред нас“: Божиновска од Женева

„Вртењето кон обновливи извори на енергија е еден од главните приоритети во годините пред нас“: Божиновска од Женева

Дурмиши соопшти конечна одлука: Маржата се ограничува до 10 отсто за 100 производи

Дурмиши соопшти конечна одлука: Маржата се ограничува до 10 отсто за 100 производи

Владата без одлука за „есенската кошничка“, Мицкоски вели следната недела

Владата без одлука за „есенската кошничка“, Мицкоски вели следната недела

КОЈ ВЛЕЗЕ СО 0,14 ОТСТО АКЦИОНЕРСКИ КАПИТАЛ ВО „РЕПЛЕК“ - се засилува ли некој од постојните сопственици

КОЈ ВЛЕЗЕ СО 0,14 ОТСТО АКЦИОНЕРСКИ КАПИТАЛ ВО „РЕПЛЕК“ - се засилува ли некој од постојните сопственици

ВЛАДАТА ПЛАНИРА ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ ЗА ЗАКУП НА ОБЈЕКТ ВО ВИЗБЕГОВО СО ФИРМАТА „ХЕЈ“ - нејзин сопственик е Јахоски, еве колку вреди

ВЛАДАТА ПЛАНИРА ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ ЗА ЗАКУП НА ОБЈЕКТ ВО ВИЗБЕГОВО СО ФИРМАТА „ХЕЈ“ - нејзин сопственик е Јахоски, еве колку вреди

ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ШТРАЈКОТ ВО БОИНГ ПОЧНУВААТ ДА СЕ ЧУВСТВУВААТ: „Рејнар“ очекува испораката да биде одложена дури за шест недели

ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ШТРАЈКОТ ВО БОИНГ ПОЧНУВААТ ДА СЕ ЧУВСТВУВААТ: „Рејнар“ очекува испораката да биде одложена дури за шест недели