ДЗС: Цените на угостителските услуги во јули се зголемилe за 2,1 процент на годишно ниво
Објавено во: Економија 06 Август, 2013 13:04
Според податоците на Државниот завод за статистика индексот на цените на угостителските услуги во јули оваа година во споредба со претходниот месец се зголемил за 0.1 проценти.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите: храна за 0.2 проценти, алкохолни пијалаци за 0.4 и безалкохолни пијалаци за 0.1 проценти.
Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2013 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 2.1 проценти.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во однос на декември 2012 година е зголемен за 0.8 проценти, додека за периодот јануари- јули 2013 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1.1 проценти.
Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




