ДЗС: Инфлацијата во јули изнесувала 4 проценти
Објавено во: Економија 01 Август, 2013 13:01
Според податоците на Државниот завод за статистика инфлацијата во јули годинава изнесувала 4 проценти, додека индексот на цените на мало во јули 2013 година, во споредба со јули 2012 година, забележале пораст од 2,5 отсто. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека индексот на цените на мало во јули 2013 година, во однос на претходниот месец, изнесувал 99.2, а индексот на трошоците на животот 98.9.
Намалувањето на трошоците на животот од 1.1отсто во јули 2013 година, во споредба со јуни годинава, е резултат на пониските индекси на зеленчукот за 20.2 отсто, овошјето за 2.4 отсто, преработките од млеко за 0.6, мастите за 0.5 и месото и рибата за 0.3 отсто.
Во јули, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај електричната енергија за домаќинствата за 4.5 отсто, авионскиот превоз на патници за 4.0 отсто и обувките за 0.4 отсто.
Пораст на индексот на трошоците на животот во јули 2013 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај алкохолните пијалаци за 7.7 отсто, свежото и киселото млеко за 1.8 отсто, јајцата за 0.8 и преработките од риба за 0.4 отсто.
Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот во јули е забележан и кај течните горива и гасот за домаќинствата за 2.1 отсто, лековите за 0.9 отсто, пијалаците во рестораните и хотелите за 0.7 отсто, нафтените деривати за 0.6, туристичките аранжмани за 0.5, конфекцијата за домаќинствата, електричните апарати за домаќинствата и средствата за хигиена за 0.4.
Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




