„Е-Промена на податоци“ нова услуга на УЈП
Објавено во: Економија 27 Ноември, 2012 14:36
Директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски на денешната прес-конференција рече дека услугата ќе ја користат компаниите за ажурирање податоци доколку настанала промена кај нив. Ќе се користи преку јавување на бесплатниот број 080033000, а промената ќе се врши во реално време.
Секоја компанија од Управата по пошта ќе добие пин код, кој задолжително ќе го користи за идентификација. Со новата услуга ќе може да се променат податоците кои се однесуваат на адресата, контакт телефонот, името и презимето на овластениот книговодител, сметка кај носителот на платен промет за даночни цели...
Недоставувањето точни податоци според закон е казниво со глоба од 3.000 до 5.000 евра, посочи директорот на Управата за јавни приходи.
Новата услуга ќе придонесе кон заштеда на време и трошоци за пријавување и ажурирање податоци.
Физичките лица ќе може да ја користат оваа услуга од 1 јануари оваа година. Засега не е утврден процесот за физичките лица.
Новата услуга се воведува во чест на празникот на даночните работници „Св. Матеј“, кој ќе се одбележи и со други активности, како крводарителска акција, хуманитарна акција за Домот за децата без родители „11 Октомври„, како и Меѓународна работилница „Глобални трендови во оданочувањето на градежната индустрија“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“





