29 Март, 2025
0.0352

Е СЕГА Е ВИСТИНСКОТО ВРЕМЕ ЗА ШОПИНГ ВО СОЛУН - стартува зимската распродажба во Грција, еве до колку ќе се движат попустите

Објавено во: Економија 07 Јануари, 2024 11:24

Добивај вести на Viber

Започнува зимската распродажба во соседна Грција. Попустите обично почнуваат во вториот понеделник од јануари и завршуваат на крајот на февруари.

Годинава тие почнуваат на 8 јануари и ќе продолжат до 29 февруари. На трговците ќе им биде дозволено да работат и во две недели во јануари – на 14 и 21, но со намалено работно време: од 11 до 18 часот. Ова е само трговијата на мало, која не вклучува синџири за намирници, кои ќе останат затворени во недела како што налага законот.

Попустите вообичаено се до 70% и се за секаков вид на стока – облека, аксесоари, домашна стока, детски производи и апарати.

Трговските здруженија повторно потсетуваат дека секое намалување мора да ја означува претходната цена на производот, но тоа да биде најниската цена за истиот производ во период од 30 дена.

Доколку се нуди намалена цена на повеќе од 60 отсто од стоките достапни во трговскиот процент, задолжително е да се прикаже процентот на попуст на видно место.

Доколку попустите, понудите или било каква најава за намалување на цената се погрешни, трговецот е подложен на глоба до 2 отсто од годишниот промет и не помала од 20.000 евра.

Издавањето на потврда е задолжително, а забрането е плаќање во готово на износ поголем од 500 евра. Големите суми мора да поминат преку картичка или друг вид електронско плаќање. Казната за трговецот е двојно поголема од вредноста на стоката.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ: Љубителите на кафето ќе треба да платат повеќе за овој напиток

ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ: Љубителите на кафето ќе треба да платат повеќе за овој напиток

ПРОТЕСТ НА 2 АПРИЛ: Македонија со најниска минимална плата во регионот

ПРОТЕСТ НА 2 АПРИЛ: Македонија со најниска минимална плата во регионот

ЕК ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Што ќе добие Македонија од тоа?

ЕК ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Што ќе добие Македонија од тоа?

ОД ПРВИ АПРИЛ: Возачите на овие возила во Германија ќе имаат бесплатен паркинг

ОД ПРВИ АПРИЛ: Возачите на овие возила во Германија ќе имаат бесплатен паркинг

Ќе се сложат ли малите акционери? „Тиквеш“ ќе гарантира за 12,5 милиони кредит на фирма што ја водат Свето Пивара и синот Јане

Ќе се сложат ли малите акционери? „Тиквеш“ ќе гарантира за 12,5 милиони кредит на фирма што ја водат Свето Пивара и синот Јане

ПОТРЕБА ИЛИ РАСИПНИШТВО? Дирекцијата за индустриските зони ќе потроши „цело богатство“ за нови вработувања и хонорарци

ПОТРЕБА ИЛИ РАСИПНИШТВО? Дирекцијата за индустриските зони ќе потроши „цело богатство“ за нови вработувања и хонорарци

ВИКЕНДОТ ТРАЕ ТРИ ДЕНА: Овде работниците работат најмалку, а заработуваат најмногу во Европа

ВИКЕНДОТ ТРАЕ ТРИ ДЕНА: Овде работниците работат најмалку, а заработуваат најмногу во Европа

ЕВЕ КОИ КЛУБОВИ ДОБИЈА КЛУЧ НА ВРАТА: Затворени се едни од најпопуларните

ЕВЕ КОИ КЛУБОВИ ДОБИЈА КЛУЧ НА ВРАТА: Затворени се едни од најпопуларните

БИТКОИНОТ ИСЧЕЗНУВА ОД КРИПТО БЕРЗИТЕ – ЌЕ УРИВА ЛИ НОВ РЕКОРД? Пазарот на криптовалутата доживува трансформација

БИТКОИНОТ ИСЧЕЗНУВА ОД КРИПТО БЕРЗИТЕ – ЌЕ УРИВА ЛИ НОВ РЕКОРД? Пазарот на криптовалутата доживува трансформација