„Е СЕГА, ИЗГУБЕН МИНИСТРЕ, ДА ТИ КАЖЕ НЕШТО ЧИЧКО СТЕВЧЕ“: Јакимовски му објасни на Ристовски како се организираат светски настани како Младинските Олимписки игри
Објавено во: Македонија 27 Јули, 2025 09:00
И замислете, кажува дека ставиле на располагање дел од студентските капацитети за сместување во Скопје и им дале милион евра, но не кажува дека Олимпскиот комитет за сместување на спортистите во студентските домови си платил. Значи, не било бесплатно.
Општина Карпош беше организатор на „Карпош Опен“ и како добри организатори ни го доделија Европскиот шаховски шампионат. По успешната организација на ова натпреварување, каде дојдоа најдобрите европски шахисти, од страна на претседателот на Европската шаховска федерација ни беше понудено Македонија и Скопје повторно да се кандидира за Светската шаховска олимпијада 2012 година. За ова го запознав и тогашниот премиер Никола Груевски. Значи, педесет години потоа, ни понудија Скопје повторно да биде организатор на така голем светски настан.
Понатаму, се фалиш дека сте дале милион евра... Значи важно, ти си дал пари, ама исто така и ти кажуваш кој ќе ги дава услугите и каде ќе се трошат парите?
Те прашувам јавно, дали овие пари ги префрли на Македонскиот олимписки комитет или на некој друг? Значи вие, како вицот, „Им давам на кокошките секое сабајле по пет банки, па секоја си купува за јадење тоа што сака“. Ги фрливте парите на ваши пријатели, доживеавте фијаско и сега нормално вие не сте криви.
Во тој одбор, покрај министри членови од владата, мора да биде градоначалникот на Скопје, градоначалниците од градот Скопје и Куманово, директори на Јавни претпријатија. И државата и градот да се спремат за оваа работа најмалку година дена однапред. Да имавте тронка мозок, сите спортски сали каде што се одржуваа натпреварите ќе ги климатизиравте. Ќе ги климатизиравте и студентските домови. Бидејќи ти не си учествувал на олимпијада, ти не знаеш, државата домаќин вложува огромни средства, во олимписки села, спортски објекти, сместувачки капацитети..
Прашај ги Хрватите што се направија за Медитеранските игри во Сплит и колку пари потрошија.
Да зборувам ли за универзијадата во Загреб?
За Универзијадата во Белград? Отиди на Нов Белград и пред трговскиот центар Делта, погледни го комплексот нови бели згради. Сите тие беа сместувачки капацитети изградени за универзијадата.
Но, што да се прави, Македонија одамна нема сериозни луѓе, како Благој Попов, Драгољуб Ставрев, д-р Ксенте Богоев, и како Киро Глигоров. Тогаш со државата владееја личности со академски звања, со животни резултати, а денес на чело ни се наоѓаат луѓе со просек од средно со 2.00 и тоа со поправани оценки на совет, со купени дипломи... Ни егзистираат пратеници, министри, директори на јавни претпријатија, државни секретари, државни советници и затоа фијаското на секој чекор ќе биде нашето секојдневие.
Таман кога ќе речеме, го пројдовме рубиконот, ќе не биде, ќе ни дојдат залутани луѓе на власт, качени на крилата на четирите свети букви на ВМРО, секој ден ќе шират лаги и ароганција, за ништо нема да бидат одговорни, а телевизорите и социјалните мрежи ќе бидат полни со нивните самофалби. И сосема за на крај, министре Ристовски, спомнуваш дека покрај МОК, организатор бил и Град Скопје.
Ако случајно, добиевме пофалби за организирањето на овој Младински олимписки фестивал ќе потрчавте на сите медиуми со пресови, со изјави... ќе ве гледавме во „Тема на денот“ како кажувате дека вие сте заслужни. Како што вели премиерот, ќе добиевте петка. Очигледно добивте чиста единица. За ова одговорност мора да има. Кога паѓаат авиони, судираат возови, оставки си поднесуваат министри за транспорт, кога доживуваме дебакл на ваков значаен светски настан, каде се соборуваат рекорди , господине Борко Ристовски, чесно е да си ја преземеш одговорноста и да си поднесеш оставка. Толку од твоето разбирање на спортот и битисување во министерската фотеља за која не си достоен.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




