05 Декември, 2025
0.1624

„Еден, двајца се случајно од ВМРО ДПМНЕ, инаку нема партиски вработувања“

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2012 14:37

Добивај вести на Viber

Директорите на скопските Јавни претпријатија денеска излегоа со речиси идентичен став за информациите за новите партиски вработувања. Дел тврдат дека дека не се работело за нови вработувања туку за регулирање на работниот однос на луѓе кои веќе работеле во претпријатијата, но како хонорарци. - Не е точно  дека се работи за нови партиски вработувња, кај нас тоа се луѓе кои во депонијата “Дрисла” работат од 2010 година, но сега им се регулираше работниот однос, односно се пријавени. Се работи за 24 работници, дел се собирачи на медицински отпад и сервисери, а двајца се во администрација. Реално нема нови вработувања, вели директорот на ЈП “Дрисла”, Горан Ангелов. Сличен е ставот и на директорот на ЈП “Водовод и канализација”, Стојан Србиноски, кој исто така тврди дека работниците од порано работеле во претпријатието, а сега на тие 42 работници им се регулирал работниот статус. Од ЈСП “Скопје”, пак признаваат дека во последните три години имало нови вработувања, но дека не се работело за партиски вработувања туку за реални потреби на претпријатието. - Вработувањата немаат врска со партиски списоци, можеби случајно се погодило еден или двајца да се членови на ВМРО ДПМНЕ, но тврдам дека не се работи за партиски вработувања ниту пак за превработеност, туку за реални потреби на претпријатието, бидејќи ни се проширивме, односно се набавија нови автобуси, тие мора некој да ги вози. Затоа и последните три години се примени 33 возачи, 17 контролори и 10 хигиеничари, изјави директорот на ЈСП “Скопје”, Мишо Николов. На вонредната седница на Советот на Град Скопје, на која што опозицијата побара отчет за вработувањата во јавните претрпијатија, не присуствуваше градоначалникот Коце Трајановски, кој како што објасни претседателот на Советот, Ирена Мишева, бил на важен состанок за кредитниот рејтинг на Град Скопје. На отсуството на градоначалникот остро реагираа советниците од опозицијата. - Ова е класична стратегија на ВМРО ДПМНЕ, да се избегнуваат одговори на непријатни прашања и ситуации. Со отсуството само се потврдува дека Трајановски избегнува одгворност за вакви непријатни ситуации, не само пред советниците, туку и пред граѓаните и медиумите. Ова докажува дека постои страв од соочување со криминалот во соптсвените редови. Ова е чист кукавичлук, што покажува дека неговиот мандат почнува и завршува со нетранспарентност и неотчетност, изјави координаторот на советничката група на СДСМ во Град Скопје, Софија Куновска. На почетокот на месецот телевизијата “Алфа” , објави списоци со имиња напишани во штабови на партиите на власт, како документ со наслов „кандидати за можни вработувања“, кои биле пратени до јавните претпријатија, меѓу кои „Водовод“, Јавното сообраќајно претпријатие и  депонијата „Дрисла“. На списоците не само што стоеле кандидати од повеќе партии предложени од неколку штабови, покрај нивните имиња, биле наведени  и нивните мобилни броеви.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје