01 Ноември, 2024
0.0274

Еди Рама победи на изборите и ќе биде новиот премиер на Албанија

Објавено во: Балкан 26 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Нов премиер во Албанија ќе биде лидерот на социјалистите Еди Рама, така одлучи победничката коалиција  „Алијанса за Европска Албанија“ на неделните парламентарни избори во Албанија.

„Јас ќе бидам новиот премиер. Така е договорено и ветувам дека Албанија ќе оди напред со левицата“, изјави Рама , во своето победничко обраќање до членовите и симпатизерите на левицата во Тирана.

Неговиот партнер во коалицијата претседателот на партијата „Движење за Социјалистичка Интеграција“, Илир Мета, нагласи дека местото премиер му следува на Рама , но притоа не даде објаснувања која ќе биде неговата функција во новата влада.

Коалицијата за европска Албанија, која ја преводи „Социјалистичката партија“ на Еди Рама, од вкупно 80 отсто од избројаните гласачки места во 12 изборни региони во земјата, има освоено засега 84 мандати, додека „Коалицијата за вработување, благосостојба и интеграции“, предводена од „Демократската партија“ на Сали Бериша, има 53 мандати.

Освоените мандати на партијата на Мета и на Рама заедно надминуваат 84 пратенички места, што значи и доминација во новиот состав на Собранието. Албанскиот парламент има 140 места, а досегашната опозиција сега обезбеди двотретинско и можност лесно да донесуваат значајни одлуки.

Засега мандати во албанскиот парламент освоија и две партии кои се надвор од коалициите - партијата „Нов демократски дух“ на експретседателот Бамир Топи и партијата ,Црно-црвена алијанса на Крешник.

Без ниту еден мандат останаа партијата партијата на Македонците „МАЕИ“, партијата на Грците на Вангел Дуле,„ Црвено- црната Алијанса“ на Спахиу и некои други познати политички субјекти.

„За жал, генерално има поделеност меѓу нас, Македонците, тука, дури мои роднини не гласаа за мене, па што понатаму“, вака, меѓу другото, ги опиша своите впечатоци по денот на гласањето во Албанија единствената кандидатка на Македонската алијанса за европска интеграција, Валентина Нестор, во која партијата гледаше најголем потенцијал за пратеник во парламентот во Тирана.

Таа за „Дневник“ рече дека е разочарана од недоволната активност на членовите на партијата во предизборната кампања и дека Македонците во Албанија не се залагаат за своето општо добро и за угледот на заедницата таму, ами само за лична корист.

ОБСЕ-ОДИХР, како и претставници на ЕУ и на САД оценуваат дека ако се исклучи тешкиот инцидент во Лач кога дојде и до убиство и ранување, како и многубројните проблеми од технички план, изборниот процес бележи напредок во Албанија.

Можеби ќе ве интересира

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот