17 Декември, 2025
0.0360

Еди Рама со автобус од Белград за Прешево

Објавено во: Балкан 08 Ноември, 2014 20:16

Добивај вести на Viber

В понеделник албанскиот премиер Еди Рама треба да допатува во историска посета на Белград, која се случува во услови на исклучително заладени односи меѓу двете земји заради инцидентите на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија за кои српските власти го сомничат братот на албанскиот премиер. Рама е првиот албански премиер кој ќе допатува во Белград по повеќе децении. Во пресрет на посетата, тој најави дека ваквиот чекор претставува нов почеток за целиот Балкан. „Ова време бара нов пообединет пристап за една иднина која треба да биде подобра за сите наши народи, оставајќи го зад себе сето она од минатото што само не спречуваше да тргнеме напред, и предизвикуваше многу судири и донесе многу крвопролевања, а кое треба да го оставиме на минатото и заедно да испишеме една нова историја за мир и регионална соработка“, рече Рама во интервју пред посетата. Албанскиот премиер има намера посетата на Белград да ја искористи за посета и на Прешево, регион населен доминантно со албанско население, во близина на границата со Македонија. Според сознанијата на српските медиуми, албанската амбасада во Белград веќе изнајмила автобус со кој Рама и уште 50-тина негови соработници ќе заминат од Белград за Прешево, каде што локалните Албанци организираат митинг за да го пречекаат. Во плановите за посетата на Белград, што ги доставил Рама до своите домаќини, тој имаше намера на официјална церемонија симболично да му бидат предадени и клучевите на Белград, но српските власти засега не потврдија дека гостинот може да се надева на таква почест.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата