17 Декември, 2025
0.0521

Еди Рама во четири очи со Александар Вучиќ

Објавено во: Балкан 10 Ноември, 2014 10:22

Добивај вести на Viber

Албанскиот премиер Еди Рама денеска пристигнува во официјална посета на Белград. Пречекот во главниот град на Србија е закажан за 11 часот. Најпрвин е планирана 20-минутна тет-а-тет средба на двајцата премиери, а потоа состанок и на двете делегации. Вучиќ и Рама ќе одржат и заедничка пресконференција и ќе потпишат спогодби, за кои не се прецизира на што се однесуваа. Попладнево во Белград ќе се одржи и тркалезна маса на тема „Соработката меѓу Србија и Албанија“, како и српско-албански бизнис форум. Рама утре од Белград заминува за Прешево, каде што ќе се обрати на митинг во Домот на културата. „Со оглед на тоа што имаше претпоставки дека масовни собири би можеле да предизвикаат немири во Прешевската Долина, а особено во контекст на тензиите по натпреварот Албанија - Србија, се решивме за затворен простор“, објаснува Шкељзен Малиќи, советник на Рама. Посебни состаноци со албанските политичари во јужна Србија не се предвидени. И додека во Прешево на Рама му се подготвува пречек како „втор премиер“, на Косово утрово осамнаа билборди за поддршка на Вучиќ. „Добредојде премиеру Вучиќ“ и „Ние имаме само еден премиер - Вучиќ“ стои на билбордите за кои не се знае кој ги нарачал, а кои се поставени во сите општини со српско население во Косово. Посетата на Рама во Србија се смета за историска, затоа што е прва посета на албански премиер во оваа земја по повеќе децении. Но, истовремено, таа доаѓа во исклучително чувствителен момент, особено по инцидентите на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија, за кои српските власти го обвинуваат токму братот на албанскиот премиер.  

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата