Единствена Македонија ќе го поддржи протестот на 29 мај за осудените за 27 април
Објавено во: Македонија 25 Мај, 2021 16:59
Извршниот комитет на Единствена Македонија на денешната седница донесе одлука да го подржи народниот протест што ќе се одржи во сабота на 29 мај за слобода и правда за осудените лица за настаните од 27 април 2017 година.
„Република Македонија денеска е земја со политички затвореници. Постоењето на политички затвореници може да се спречи само со доследно почитување на правната држава и владеењее на правото, почитување на основното човеково право на фер судење пред независен и со закон воспоставен непристрасен суд. Во јавноста веќе излегоа нови факти и докази и дека пресудата за 27 април се заснова на лажен исказ на сведок, а кои севкупно се подобни да причинат ослободување на лицата осудени за 27 април, со што се создадени правните претпоставки согласно Законот за кривичната постапка за повторување на постапката“, стои во соопштението.
За таа цел, Единствена Македонија бара реотворање на процесот и повторување на кривичната постапка за неправедно осудените лица за настаните од 27 април.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




