19 Декември, 2025
0.0581

Единствена Македонија за тоа зошто го исклучи Влахов-Мицов: Споменуваше пари и тенкови од Русија

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2018 17:43

Добивај вести на Viber

Единствена Македонија на Јанко Бачев оддржала седница на Централниот комитет, на кој била потврдена одлуката за исклучување на довчерашниот потпретседател Стефан Влахов Мицов поради, како што соопштија од партијата, соработка со македонската тајна служба за растурање на партијата и смислено растурање на договорот за заедничко референдумско настапување со Глас за Македонија, Трета македонска партија и Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај тоа, од партијата во обвинија Влахов Мицов за прикривање и присвојување на парични средства од Австралија кои биле пуштени на негова сметка за целите на референдумската кампања и оцрнување на идејата за сојуз со Русија.

„На средбите по комитетите и со граѓаните смислено даваше манипулативни очекувања дека набргу ќе дојдат руските тенкови и авиони кои биле во Србија, ќе дојдат многу пари од Русија, ќе дојдат околу 10.000 илјади доброволци од Русија кои биле на боиштата во Украина и ќе прават преврат и слични небулози, се залагаше партијата да не ги подржува и да не излегува на протестите пред Собранието во месец јуни, да се чека до септември кога ќе започнала Третата светска војна, но, септември дојде и помина“, стои во партиското соопштение.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот