Единствената лекција која искусните би сакале да ја научите
Објавено во: Финансии 10 Јули, 2017 14:54
„Никако немојте да останете на работата која не ја сакате“.
Е првиот совет кој ќе ви го даде речиси секој кој влегол во доцните години и сега ги сведува сметките и брои успеси, неуспеси, среќни и помалку среќни денови кои поминале. Ова го покажало истражувањето на Карл Племер, професор од Корнел Универзитетот-кој интервјуирал повеќе илјади луѓе на возраст од 70 и 100 години и ги прашал што научиле во животот и што би споделиле со младата генерација (своето истражување го објавил во книгата ’30 Lessons for Living: Tried and True Advice from the Wisest Americans’).
Многу од испитаниците чуството кога го работите она што не го сакате го опишале како:
-чист идиотизам
-трагична грешка
-бесмислено губење на време
-или како ноќни кошмари кога би сакале да врескате и урлате, но немате глас.
Што постарите, поискусните и помудирите рекле за работата која ја работите или би требало да ја работите?
-Бирајте ја работата која ќе ве исполни ВАС, а не вашата банкарска сметка.
Никогаш, никогаш не откажувајте се од потрагата за работа која ќе ве усреќи.
Ако моментално сте на работа од која не сте задоволни, не повлекувајте се, туку научете се што можете.
Емоционалната интелигенција е најважна од сите интелигенции. Не можете да успеете ако не знаете да комуницирате со луѓе, па макар биле и најголем експерт во својата област.
Борете се за автономија. Автономијата донесува задоволство на работа. Не престанувајте да трагате за вработување кое ќе ви овозможи да донесувате што повеќе самостојни одлуки, а што помалку извршување на оние од „врвот“.
Воопшто не е важно да заработувате и имате пари колку и другите во вашата околина. Но, ако имате повеќе од останатите, помогнете им и нив-тоа се вика успех.
За да бидете среќни не мора да значи дека треба да работите и ден и ноќ како би купиле се што сакате. Среќата е на некое друго место.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





