„Единствената жена во просторијата“ – вистинска приказна за Хеди Ламар, генијалниот ум зад WiFi, GPS и Bluetooth
Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2025 10:23
Познатата холивудска ѕвезда Хеди Ламар, која истовремено била и позната иноваторка, е инспирација за новата книга „Единствената жена во просторијата“ од Мери Бенедикт. Романот на македонски јазик e во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, што ја објави и претходната книга на Бенедикт, бестселерот „Другиот Ајнштајн“.
Хеди Ламар, покрај тоа што важела за најубава жена на своето време, била и еден од најгенијалните умови на својата ера. Нејзините идеи се темел на модерната комуникација: таа го измислила концептот на технологијата која денес ја користиме за WiFi, GPS и Bluetooth. Австрија, Германија и Швајцарија го одбележуваат 9 ноември, роденденот на Хеди Ламар, како Ден на пронаоѓачите.
Книгата го раскажува патот на младата австриска актерка Хедвиг Кислер, која обидувајќи се да го заштити своето семејство во пресрет на аншлусот – приклучувањето на Австрија кон нацистичка Германија – се мажи за Фридрих Мандл, богат индустријалец и производител на оружје. Краткиот и несреќен брак завршува со бегството на Хедвиг во Америка, каде што од Австрија понесува многу повеќе од спомени. Набргу, таа станува позната како Хеди Ламар, „најубавата жена на светот“.
Никој не претпоставува дека холивудската ѕвезда некогаш била научничка и дека поседува важни информации за непријателското производство на оружје. Во моментот кога Америка влегува во војната, Хеди Ламар и нејзиниот соработник Џорџ Антејл веќе имаат подготвен изум – уред што може да ја смени историјата.
Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.
ПР Објава
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





