18 Декември, 2025
0.2609

ЕДНА ГОДИНА МАШКИ МАГАЗИН!

Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2019 22:42

Добивај вести на Viber

Мисијата на единствениот машки магазин не е завршена, но тргната е во добра насока. По една година на медиумскиот простор, Машки Mагазин ги постави темелите на концептот за дефинирање на стандардите и интересите на модерниот маж. 

Една година на македонскиот пазар претставува аргументиран повод за одбележување и прослава на речиси пионерскиот потфат за креирање и продуцирање на првиот магазин наменет за мажите. Прославата на едногодишното постоење се одржа во хотелот Парк, со симболика и во самиот термин на случување - 13 февруари, со почеток во 13 часот.


Во духот на симболиката на надминување на предрасурите и стереотипите за бројот 13, годишнината на М Магазин во пријатниот амбиент на ресторанот Four собра на едно место личности од сите сфери на јавниот живот во Македонија, кои со својата работа промовираат една урбана култура на живеење. Меѓу гостите беа луѓето кои во изминатата година беа застапени на страниците на магазинот, но и пријатели од светот на уметноста, културата, бизнисот, дипломатијата, спортот, модата... кои со своето присуство дадоа поддршка и доверба во иднината и развојот на М Магазин. На матине-прославата, главниот уредник Виктор Кошевалиски ги поздрави гостите и истовремено најави еден нов проект во организација на магазинот. 


Прославата на годишнината на Машки Магазин, всушност претставува своевиден вовед за една традиција. На 15 март 2019, во МНТ ќе се одржи првиот “М Маж на Годината”, во организација токму на Машки Магазин.  За првичното издание на овој проект, предвидени се пет категории во изборот: Маж на годината (Гран при), Маж Урбан, Маж  бизнисмен, Маж-спортист на годината и Маж кој оставил белег во културата во изминатава година. За главните награди ќе одлучува 15-члено жири составено од редакцијата на Машки Магазин, но и десетина релевантни личности од јавниот живот: Виктор Кошевалиски, Снежана Богдановска - Сани, проф. Филип Фидановски , ИФББ Про Мирко Петровски, Влатко Кошевалиски, Тања Кокев, Иво Јанковски, Чедо Поповски, Олга Костовска, Зоран Петров, Младен Ѓуровски, Радмила Павловска, Сретен Костиќ и Изет Цури.

Покрај главните категории предвидени се и награди за кои ќе се одлучува во соработка со други медиуми. За категоријата Најпосакуван маж од жените, Машки Магазин ќе одлучува во соработка со магазинот Убавина и Здравје, додека Жена по избор на мажите ќе се избира заедно со веб страницата www.mmagazin.mk. Изборот на Автомобилот на Годината за вистинскиот маж ќе го направи сестринската редакција Авто Плус. Меѓу ревијални награди е и изборот на Странец во Македонија.


Подготовките и гласањето за изборот за вистинските мажи за оваа година започнуваат од 15 февруари, а ќе траат до денот на одржувањето на манифестацијата - на 15 март, кога на еден мултимедијален гала настан во МНТ ќе бидат доделени престижните статуетки.



Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“