ЕДНА НЕДЕЛА ВО УЧИЛИШТЕ, ЕДНА НЕДЕЛА ОНЛАЈН: Почнаа разговорите за старт на учебната година
Објавено во: Македонија 28 Јули, 2020 07:02
Се бара модел по
кој најбезбедно ќе почне новата учебна година. На нешто повеќе од еден месец надлежните
почнаа да кројат планови и да бараат решенија како децата ќе продолжат во
училиште. Од Комисијата за заразни болести велат дека во ниту еден случај
децата не смеат целосно да остана дома и од 1.септември наставата да продолжи
како што беше второто полугодие. Вчера се одржа првиот состанок со претставници
од Министертсвото за образование и наука, но без министерот Арбер Адеми, кој во
моментов е се уште во изолација, бидејќи е позитивен на корона вирусот.
Од Комисијата за заразни болести, за Фактор велат дека претставниците од МОН дошле со конкретни предлози, но се уште е рано за да се каже како ќе биде организирана наставата.
-Не смее да ни се случи основците и средношколците и од септември да останат дома. Секаде во светот наставата се организира некако. Претставниците кои вчера присуствуваа на состанокот имаа некои предлози, во смисла оние училишта кои бројат многу деца, а тоа се во Скопје, Куманово и во Тетово, наставата да биде организирана така што децата би биле поделени во групи. Наизменично да се следи наставата една недела во училиште, една недела онлајн, а часовите да траат по 30 минути. Ова секако нема да важи за сите училишта подеднакво. Во некои училишта во земјава има само по десеттина деца. Таму единствено што ќе треба е да се почитуваат општите мерки и протоколи, односно дезинфекција на клупите, просториите, тоалетите, и така натаму, како и задолжително носење маска и одржување растојание. Што значи дека ќе може да се обезбеди непречено физичко присуство во училиштата. Онлај настава е многу потешко да се организира на целата територија на земјава, бидејќи дел од луѓето во некои села немаат ниту компјутери, ниту интернет, велат за Фактор членови на Комисијата за заразни болести.
За ова прашање, Фактор разговараше и со неколку наставници кои се децидни дека каков модел да се избере за физичко присуство во училиштата, ќе биде многу подобар од онлај учење.
-Најважно е во клупите да седнат првачињата кои за прв пат ќе осознаат што е институцијата училиште, наставник и обврски. Оние дечиња кои преминуваат од 5 во 6 одделение, исто така мора да се видат со класниот раководител, кој по прв пат ќе ги запознае, како и бројните наставници кои по прв пат ќе почнат да им ги предаваат предметите. Посебно важен момент е исто така за средношколците кои сега ќе бидат прва година. Практично и тие се првачиња, но малку поголеми...Нова средина, нови професори, нови друштва....Нашиот генерален став е дека одењето во училиште е од исклучителна важност за секое дете и не смее да дозволиме годината да се почнува од дома, велат наставниците.
Истовремено, загрижени се и родителите, кои сметаат дека учењето по електронски пат не го добива потребниот квалитет на образовние, заради што велат дека овие генерации никогаш нема да го надоместат изгубеното, ако не одат во училиште.
Анита Буховски* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?
Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица
Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите
Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед
„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција
Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка
Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски
„Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град“: Орце се пофали со чистењето на центарот, еве што се правеше
Андоновски против забрана за социјални мрежи како во Австралија: Родителите да внимаваат повеќе на децата!




