Една од најстарите германски пиварници престанува да работи по 334 години
Објавено во: Економија 21 Септември, 2024
Gasthaus Schlössle произведува сопствено пиво од 1690 година, што ја прави една од најстарите пивари во Баварија. Сепак, производството ќе заврши на крајот на декември. Пиварницата од Ној-Улм повеќе не може да се носи со пазарот. Косопственичката Криста Золер за „Билд“ објаснува дека потрошувачката на пиво опаѓа бидејќи цените на суровините и енергијата растат.
По 334 години, пиварницата мора да го прекине производството, пишува магазинот Феникс. Косопственичката Криста Золер за „Билд“ објаснува дека потрошувачката на пиво опаѓа бидејќи цените на суровините и енергијата растат. „Ние правиме загуба со бизнисот со пиво веќе десет години“..
Производството на пиво сега изнесува 100.000 литри – во 2018 година изнесуваше 150.000 литри. Само поврзаниот ресторан работи „многу добро“ и треба да остане. „Без него, одамна ќе моравме да престанеме да произведуваме пиво“.
Гајба од 12 шишиња од најпродаваниот Märzen чини 13,50 евра. Но, според Криста Золер, ова е премалку. „Цената би требало да биде речиси двојно повисока, тогаш повторно би можеле да потрошиме пари на нови суровини. Но, тоа не може да се постигне на пазарот“. Покрај тоа, бирократијата „го отежнува животот“ на пиварите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.