19 Декември, 2024
0.0287

ЕДНА ПРИКАЗНА, ЕДЕН ВЕК – ГАЗОЗА НАЈМНОГУ СЕ ИЗВЕЗУВА ВО АВСТРИЈА: Првиот човек на Прилепска пиварница, Сашко Самарџиоски во „Бизнис муабети“ на Фактор

Објавено во: Економија 19 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

За успешната приказна која трае еден век, во „Бизнис муабети“ на Фактор говори Сашко Самарџиоски, првиот човек на Прилепска пиварница. Овој разговор, како што вели, му е последен годинава по повод големиот 100-годишен јубилеј, а од следната година, на шега кажува дека ќе почнат подготовките за 200 години Прилепска пиварница. Со 270 вработени, оваа македонска компанија бележи импресивни финансиски резултати. Безалкохолниот пијалок Газоза се извезува во повеќе европски земји, но најмногу во Австрија, и тоа цели 20 години. Целиот разговор следува утре, гледајте „Бизнис муабети“ на Фактор во петок, 20.12.2024

Низ смеа вели дека прилепчаните многу малку го пијат конкурентското пиво на Прилепска пиварница, односно „Даб“.


Самарџиоски посочува и дека бојата на пивските шишиња, односно дали е зелено или кафеаво говорат за различните вкусови на пивото, а во однос на материјалот на амбалажата, секогаш е подобар пијалокот во стаклено шише. 



Добропознатата Газоза, Самарџиоски вели дека е најпропдавана во Австрија и тоа во изминатите 20 години, но исто така и во Германија, Швајцарија и во Австралија, Пивото пак, најмногу го извезуваат во Австралија и во последниве години во Албанија. 


За разлика од Словенија, каде што пивото се конзумира дури 92 литри по глава на жител. статистиката за македонија вели дека тука пиво се пие 34 до 35 литри по глава на жител.

Се пошегува и за светската фудбалска легенда, Дејвид Бекам, кој своевремено рекламираше Пепси.

-Ми рече еден пријател, ајде да го донесеме на градскиот стадион во Прилеп...


-Остварениот профит во износ од два милиони евра не завршува во нашите џебови, иако луѓето кога ќе прочитаат на порталите колку профит сме оствариле, мислат дека тие пари се мои. 


Секоја инвестиција која е направена во Прилепската пиварница е од сопствени извори, потенцира Самарџиоски, додавајќи дека 25 години немаат земено кредит за да инвестираат во компанијата.

-Една линија која ја направивме во 2013 година, токму за стаклена амбалажа, изнесуваше 7 милиони евра.




* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА НА ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ДО ПОГОЛЕМ ИЗВОЗ И РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА

ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА НА ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ДО ПОГОЛЕМ ИЗВОЗ И РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА

ЕСМ СЕ ЗАДОЛЖУВА КАЈ ГЕРМАНСКАТА КФВ: парите ќе ги користи за фотоволтаичнатацентрала Битола и ветерниот парк Богданци

ЕСМ СЕ ЗАДОЛЖУВА КАЈ ГЕРМАНСКАТА КФВ: парите ќе ги користи за фотоволтаичнатацентрала Битола и ветерниот парк Богданци

ЕР СРБИЈА РАСТУРИ: Летово за српските туристи чартер лет до Кавала

ЕР СРБИЈА РАСТУРИ: Летово за српските туристи чартер лет до Кавала

ОВА Е ANTI-AGE ДОКТОРКАТА СО ПОТЕКЛО ОД СРБИЈА - нејзината клиника во Дубаи се разликува од останатите

ОВА Е ANTI-AGE ДОКТОРКАТА СО ПОТЕКЛО ОД СРБИЈА - нејзината клиника во Дубаи се разликува од останатите

Колку милиони евра ќе плати Град Скопје за струја во период од една година?

Колку милиони евра ќе плати Град Скопје за струја во период од една година?

КАКО ЗАСВЕТИ ЗЛАТОТО НА „ЗЛАТАРА РУБИН“ - на приходи од 1,1 милиони евра, еве колкава е ланската добивка

КАКО ЗАСВЕТИ ЗЛАТОТО НА „ЗЛАТАРА РУБИН“ - на приходи од 1,1 милиони евра, еве колкава е ланската добивка

СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ХАКЕРИ КРАДАТ ПАРИ ОД КРИПТО СТАРТАПИ: Прво се претставуваа како лажни работници, а сега се лажни инвеститори

СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ХАКЕРИ КРАДАТ ПАРИ ОД КРИПТО СТАРТАПИ: Прво се претставуваа како лажни работници, а сега се лажни инвеститори

ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА МОЖАТ ДА СКОКНАТ ДО 70 ЕВРА! Еве ги прогнозите на аналитичарите

ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА МОЖАТ ДА СКОКНАТ ДО 70 ЕВРА! Еве ги прогнозите на аналитичарите

ПУШАЧИТЕ СИ ГИ „ГОРАТ“ ПАРИТЕ: Што би можеле да направат со финансиите кои ги трошат за овој порок?

ПУШАЧИТЕ СИ ГИ „ГОРАТ“ ПАРИТЕ: Што би можеле да направат со финансиите кои ги трошат за овој порок?