19 Декември, 2024
0.0293

ЕСМ СЕ ЗАДОЛЖУВА КАЈ ГЕРМАНСКАТА КФВ: парите ќе ги користи за фотоволтаичнатацентрала Битола и ветерниот парк Богданци

Објавено во: Економија 19 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ со кредит од германска развојна КфВ банка почнува нов циклус инвестициски проекти во обновливи извори на енергија. Станува збор за изградба на фотоволтаичната електроцентрала Битола 2 и реализацијата на втората фаза од изградбата на ветерниот парк „Богданци“, соопшти Министерството за финансии.

Средствата за овие два значајни проекта, во износ од 55 милиони евра, се обезбедени преку заем со државна гаранција потпишана од Министерството за финансии, по поволни услови, со рок на отплата од 15 години и вклучен грејс-период од пет години.

Договорот за заем денеска го потпишаа Мориц Реме, директор на канцелариите на КфВ  банка во Скопје и во Приштина и Лазо Узунчев, генерален директор и претседател на Управниот одбор на АД ЕСМ. Договорот за гаранција, пак, го потпишаа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и директорот Реме.

- Како Влада ја препознаваме потребата од зголемување на производството на зелена енергија и во таа насока е издадената гаранција за реализација на овој Договор, а воедно со тоа и за обезбедување на потребните средства за финансирање на проектот за Ветерниот парк Богданци – фаза 2 и Фотонапонска електрана Битола 2. Овие проекти се дел од инвестицискиот циклус којшто го почнуваме и на кој го темелиме нашиот развој во иднина. Владата има сериозен пристап и ќе ги вложи сите напори да се реализираат проектите кои ќе имаат додадена вредност за економијата - рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека тој инвестициски циклус е поддржан и со висок износ на планирани капитални инвестиции во Буџетот за 2025 година.

- Ми претставува вистинско задоволство што АД ЕСМ по долго време повторно влегува во еден сериозен и динамичен инвестициски циклус. Благодарение на одличните односи со КфВ банката во којашто гледаме сериозен партнер за зајакнување на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем, продолжуваме да го трасираме патот кон одржливо енергетско сценарио преку реализација на нови проекти од обновливи извори. Со средства од нашиот партнер,  АД ЕСМ, веќе реализираше значајни зафати, а во наредниот период продолжуваме со засилено темпо кон реализација на нови проекти - потенцираше Узунчев по потпишувањето на Договорот за заем.    

На потпишувањето присуствуваше и заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ, кој истакна дека проектот за проширување на ветерниот парк „Богданци“ е дел од Националната стратегија за зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори.

- Реализацијата на двата зафати дополнително ќе го збогати портфолиото за обновливи извори на Македонија, ќе придонесе за дополнителна стабилност на енергетскиот систем и ќе влијае на намалување на зависноста од увоз на електрична  енергија. Овие инвестиции ќе имаат и социо-економски придобивки затоа што ќе отворат нови таканаречени зелени работни места - рече Лабудовиќ.

ФЕЦ Битола 2 ќе се гради на рекултивирано земјиште во рамките на РЕК „Битола“ и ќе има инсталиран капацитет од најмалку 50 MW. Се очекува оваа електроцентрала да произведува околу 80 - 90 GWh електрична енергија годишно, што е доволно за потребите на над 20 илјади домаќинства. Инвестицијата од 47,3 милиони евра ќе ја намали емисијата на јаглерод диоксид за 63.000 тони годишно, придонесувајќи за побрза декарбонизација на енергетскиот сектор. Согласно проектот за проширување на ветерниот парк „Богданци“ на постојната локација на паркот, кој во моментов е со 16 турбини, со моќност од 36,8 MW, ќе се инсталираат уште четири ветерници со вкупен инсталиран капацитет од 13,6 MW, со што целосно ќе биде заокружен овој ветерен парк со вкупен инсталиран капацитет од околу 50 MW.

Директорот на канцелариите на КфВ во Скопје и во Приштина Реме потенцира дека Германија и КфВ го поддржуваат зазеленувањето на енергетските производствени капацитети во државата последните 20 години.

- Горди сме што можеме и понатаму да ги поддржиме напорите на Владата и на ЕСМ и да придонесеме за креирање одржлив енергетски систем од којшто најголема корист ќе имаат граѓаните. Ова ќе биде најголемата јавна фотонапонска централа во државата и несомнено ќе придонесе за понатамошното зголемување на уделот на обновливи енергии во енергетскиот биланс - истакна Реме.

Амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер истакна дека новиот германски заем е добра вест за секој кој се грижи за оддржливоста на енергетскиот сектор во Република Северна Македонија.

- Тој ќе и помогне на земјата во својот пат кон имплементирање на Зелената Агенда на Западен Балкан како и да се оттргне од зависноста кон старата инфраструктура базирана на јаглен. Средствата од заемот ќе бидат инвестирани во фото напонска електрична централа близу Битола и делумно за проширување на ветерниот парк во Богданци. И двете инвестици ќе придонесат да се реализира дел од огромниот потенцијал на обновлива енергија во корист на граѓаните на Република Северна Македонија - вели Дреклер.

ФЕЦ Битола 2 и проширувањето на ветерниот парк  „Богданци“ се дел од долгорочните планови на државата кон зелената енергетска транзиција, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Фото: Принтскрин/Министерство за финансии

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА НА ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ДО ПОГОЛЕМ ИЗВОЗ И РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА

ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА НА ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ДО ПОГОЛЕМ ИЗВОЗ И РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА

ЕДНА ПРИКАЗНА, ЕДЕН ВЕК – ГАЗОЗА НАЈМНОГУ СЕ ИЗВЕЗУВА ВО АВСТРИЈА: Првиот човек на Прилепска пиварница, Сашко Самарџиоски во „Бизнис муабети“ на Фактор

ЕДНА ПРИКАЗНА, ЕДЕН ВЕК – ГАЗОЗА НАЈМНОГУ СЕ ИЗВЕЗУВА ВО АВСТРИЈА: Првиот човек на Прилепска пиварница, Сашко Самарџиоски во „Бизнис муабети“ на Фактор

ЕР СРБИЈА РАСТУРИ: Летово за српските туристи чартер лет до Кавала

ЕР СРБИЈА РАСТУРИ: Летово за српските туристи чартер лет до Кавала

ОВА Е ANTI-AGE ДОКТОРКАТА СО ПОТЕКЛО ОД СРБИЈА - нејзината клиника во Дубаи се разликува од останатите

ОВА Е ANTI-AGE ДОКТОРКАТА СО ПОТЕКЛО ОД СРБИЈА - нејзината клиника во Дубаи се разликува од останатите

Колку милиони евра ќе плати Град Скопје за струја во период од една година?

Колку милиони евра ќе плати Град Скопје за струја во период од една година?

КАКО ЗАСВЕТИ ЗЛАТОТО НА „ЗЛАТАРА РУБИН“ - на приходи од 1,1 милиони евра, еве колкава е ланската добивка

КАКО ЗАСВЕТИ ЗЛАТОТО НА „ЗЛАТАРА РУБИН“ - на приходи од 1,1 милиони евра, еве колкава е ланската добивка

СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ХАКЕРИ КРАДАТ ПАРИ ОД КРИПТО СТАРТАПИ: Прво се претставуваа како лажни работници, а сега се лажни инвеститори

СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ХАКЕРИ КРАДАТ ПАРИ ОД КРИПТО СТАРТАПИ: Прво се претставуваа како лажни работници, а сега се лажни инвеститори

ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА МОЖАТ ДА СКОКНАТ ДО 70 ЕВРА! Еве ги прогнозите на аналитичарите

ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА МОЖАТ ДА СКОКНАТ ДО 70 ЕВРА! Еве ги прогнозите на аналитичарите

ПУШАЧИТЕ СИ ГИ „ГОРАТ“ ПАРИТЕ: Што би можеле да направат со финансиите кои ги трошат за овој порок?

ПУШАЧИТЕ СИ ГИ „ГОРАТ“ ПАРИТЕ: Што би можеле да направат со финансиите кои ги трошат за овој порок?