Eдно од 15 лица над 66 години во оваа европска земја работи...
Објавено во: Економија 29 Ноември, 2025 20:51
Многумина во Германија продолжуваат да работат дури и по пензионирањето. Поточно, „едно од 15 лица над 66 години е сè уште вработено“, се вели во студијата објавена во среда од Германскиот институт за економски истражувања (DIW).
Кај мажите, тој удел е поголем, со речиси 10 проценти, додека кај жените е пет проценти.
Истражувањата покажаа дека доброто здравје и образованието се клучните фактори за работa, објавува германската агенција ДПА.
Имено, во возрасната група помеѓу 66 и 69 години, една петтина од оние кои ја опишуваат својата здравствена состојба како добра или многу добра сè уште работат.
Професијата е исто така фактор. Особено има многу работници со скратено работно време, 37,4 проценти, меѓу самовработените.
„Постарите лица веќе делумно го ублажуваат проблемот со недостатокот на квалификувана работна сила“, рече Петер Хан (Хан) од DIW.
DIW предлага мерки за зачувување на здравјето, можност за дополнителна обука и усовршување во староста, како и реформи на даночниот и социјалниот систем.
За истражувачки цели, авторите на студијата анализираа податоци од микропописот од 2022 година, пренесува bizportal.rs.
foto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





