08 Декември, 2025
0.3343

ЕДС промовира нов концепт во работењето: Корисниците во фокусот на работењето

Објавено во: Мои пари 30 Јуни, 2025 09:59

Добивај вести на Viber

Во време на зголемена потреба за енергетска ефикасност, одржливост и предвидливост на трошоците, ЕДС го редефинира својот пристап кон клиентите преку новиот концепт „ЕДС како енергетски партнер“. Овој стратешки правец означува отстапување од традиционалниот модел на снабдување со електрична енергија и насочување кон градење долгорочни партнерства базирани на доверба, флексибилност и заеднички развој.

„Нашата цел не е само да обезбедиме електрична енергија, туку и да понудиме консултативна поддршка, персонализирани решенија и долгорочна соработка што ќе им помогне на компаниите да ја зголемат својата енергетска ефикасност и одржливост. Иновациите што ги воведовме се насочени кон дигитализација, транспарентна комуникација, флексибилни тарифни модели и поддршка во транзицијата кон зелени извори на енергија“, вели главниот извршен директор на ЕДС,  Александар Сарџовски.

Новите услуги и иницијативи вклучуваат целосна дигитализација на услугите, со цел поедноставено и транспарентно управување со енергијата, флексибилни тарифни модели изработени во консултација со клиентите и поддршка во транзицијата кон зелени извори на енергија, како дел од поширокиот напор за одржлив развој.

Со новите тарифни модели, клиентите на ЕДС добиваат можност за поголема стабилност и предвидливост на трошоците, што е особено значајно во време на динамични енергетски пазари. Двата модели се креирани според реалните потреби и предизвици со кои се соочуваат деловните субјекти.

Благодарение на своето членство во PPC Групацијата, една од водечките енергетски компании во регионот, ЕДС располага со пристап до напредни технолошки решенија, знаење и ресурси кои дополнително ја зајакнуваат нејзината способност да понуди поголема вредност за своите клиенти.

Со новиот пристап, ЕДС го поставува клиентот како стратешки партнер и се стреми да биде активен учесник во енергетската трансформација на бизнисите – преку доверба, иновации и стабилна поддршка. 

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј