05 Декември, 2025
0.0357

ЕФТ Македонија истргува најмногу струја во октомври

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2012 08:45

Добивај вести на Viber

Дури половина од електричната енергија истргувана во Македонија во октомври му се припишува на трговецот ЕФТ Македонија. Последните податоци од МЕПСО покажуваат дека во октомври 49.17% од истргуваната струја ја направи токму оваа компанија. Втор најголем трговец со струја во октомври е ГЕН-И кој од колачот зазема 39.49%. Значително помала истргувана струја имаат ЕВН Трејдинг (6.89%), Руденап (3.27%), Корлеа (0.61%), ЕЛЕМ Трејдинг (0.50%) и Роу и Рифајнд комодитис (0.08%). ЕФТ Македонија се јавува и како најголем трговец со струја на македонскиот пазар и за првите 10 месеци од годината, со истргувани 40.74% од вкупно увезената струја во земјава. Втор најголем трговец за периодот јануари-октомври годинава е повторно ГЕН-И со 32.22%, покажуваат податоците на државниот електропреносен систем оператор МЕПСО. За колкави количини на истргувана струја се работи МЕПСО не нуди податоци. Нема информации ниту колкав прилив на девизи значи овој увоз на струја.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала