05 Декември, 2025
0.1346

Египетски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Македонија

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2012 11:55

Добивај вести на Viber

Сопственици на лускузни хотелски сместувачки објекти, елитни туристички ресорти, ресторани, туристички бродови и тур-оператори од државите на северна Африка, пред се од Египет, престојуваат во Македонија, на разговори посветени на можностите за унапредување на севкупната туристичка соработка со државите од Балканот во рамки на осмислување поширока заедничка туристичка понуда, но и за да ги разгледаат можностите за инвестирање во Македонија. Генералниот секретар на Туристичката комора на Египет, Мохамед Ласар, кој вторпат престојува во регионот, ја нагласи нивната интенција да се изнајдат најразлични модели за интензивирање на соработката со државите од Балканот. - Моите впечатоци од оваа втора посета на Македонија само ги потврди очекувањата, за сличностите меѓу нашите држави кога станува збор за изнаоѓање форми на соработка од заеднички интерес. Преку амбасадорот на Рeпублика Македонија во Египет договориме средби со надлежните институции во Македонија, предвидени да се одржат во текот на оваа седмица. Со нив ќе разговараме за можностите за соработка во областа на туризмот, кој како стопанска гранка повлекува унапредување на соработката во други сфери, се разбира и во областа на инвестициите, рече Ласар. Претседателот на Асоцијацијата на хотелиерите на Македонија Дончо Танески истакна дека шестгодишните контакти со колегите од Египет и државите од северниот дел на Африка вродуваат плод, со манифестиран интерес за соработка во две насоки. - Голем број наши туристи патуваат за Египет и соседните земји, а сега нивни интенции се тоа да се одвива и во другата насока, односно нивни туристи да доаѓаат во регионов. Кога станува збор за Македонија, постои и втор елемент односно интерес кај некои од нив за развивање на подлабоки бизнис-релации, со можност за потецијални инвестиции. Веќе се договорени средби во Владата, но сето тоа зависи од начинот како ќе ја презентираме нашата понуда, вклучувајќи ги тука и поволностите што ги нуди државата како поддршка за развој на туризмот, истакна Танески изразувајќи надеж дека сето она што се дискутира во Охрид и од средбите со надлежите инстанци во Скопје ќе резултира со позитивна разврска во наредиот период. Инаку, во Охрид се одржува и редовното годишно собрание на Европско-медитеранската ресторанска федерација, во која членуваат и претставници на Балканската алијанса на хотели и ресторани (БАХА). Поради изразениот интерес на други субјекти од областа на туризмот за членство во федерацијата, на состанокот во Охрид е договорено таа да биде преименувана во Европско-медитеранска туристичка федерација, а претседавањето со федерацијата наредните четири години да го врши Црна Гора.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала