ЕК ја прифати кандидатурата, Скопје номиниран за „Европска зелена престолнина“
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2018 14:29
Град Скопје официјално е номиниран за „Европска зелена престолнина“ во 2021 откако Европската комисија ја прифати поднесената кандидатура.
Со тоа главниот град на Македонија влегува во конкуренција за награда која го вреднува напредокот што ќе го постигне еден град во спроведувањето на зелените политики, односно напредокот во подобрувањето на животната средина.
Конкуренти на Скопје ќе му бидат Будимпешта (Унгарија), Калјари (Италија), Дижон (Франција), Лахти (Финска), Лил (Франција), Стразбур (Франција), Тирана (Албанија) и Вестерос (Шведска).
Градот Скопје апликацијата од 150 страници за ова престижно признание ја поднесе во октомври годинава.
Критериуми за победа се плановите за подобрување на: ублажување на климатските
промени, приспособување на климатските промени, одржлива урбана мобилност, одржлива употреба на
земјиштето, природа и биодиверзитет, квалитет на воздух, бучава, отпад, води, зелена површина и екоиновација,
енергетски перформанси и управување.
Во наредниот период Градот Скопје ќе биде предмет на евалуација од стручна комисија.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




