ЕК: Јужен поток да се суспендира
Објавено во: Свет 03 Јуни, 2014 18:03
Европската комисија одлучи работата на изградбата на Јужен поток на територијата нa ЕУ да ја суспендира додeка не се ревидентираат билатералните договори кои Русија ги склучила со земјите членки.
Исто така, Бугарија ризикува тужба ако не се согласи на тоа, изјави денеска Сабина Бергер, портпаролка на комесарот за енергија Гинтер Етингер.
„Нашиот став е јасен: Јужен поток не е во согласност со Третиот енергетски пакет и со европските правила за конкуренција, внатрешниот пазар и јавните набавки“, им рече Бергер на новинарите во Брисел.
Од Комисијата е најавено дека од Бугарија формално е побарана информација за почетокот на изградбата на гасоводот во Црното море, што е прв чекор кон поднесување на пријава на Европскиот суд во Стразбур.
Бугарија пак тврди дека со тоа не ги нарушува правилата на ЕУ, бидејќи работите се извршуваат во меѓународни води, но Комисијата завземала спротивен став.
„Сите инфраструктурни проекти и инвестиции мораат да бидат во согласност со законите“, додава Бергер.
Доколку Европскиот суд ја добие тужбата и пресуди во корист на Комисијата, Бугарија ќе мора да ги прекине работите на изградбата на Јужниот поток или да се соочи со тешки финансиски казни.
Бергер потсетува дека ЕК ги превземала преговорите со Русија за овој проблем и дека во почетокот на оваа година се одржани две рунди разговори со Русија на ниво на работни група, но тие засега се замрзнати.
„Инсистирањето на Русија, Јужен поток да не го применува Третиот енергетски пакет го доведува во прашање продолжението на разговорот“, порача Бергер.“
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




