ЕК не е задоволна од напредокот во преговорите со Грција
Објавено во: Балкан, Економија 17 Април, 2015 08:55
Европската комисија објави дека не е задоволна од напредокот на преговорите меѓу Грција и меѓународните кредитори.
Портпаролот на Комисијата Маргаритис Схинас истакнал дека е потребно интензивирање на преговорите пред средбата на министрите за финансии од еврозоната следната недела.
„Ја продолжуваме работата со останатите институции и грчките власти. Преговорите продолжуваат, но во овој момент не сме задоволни од постигнатиот напредок“, изјави портпаролот на ЕК.
Брисел инсистира за склучување на договор на работно ниво меѓу Европската комисија, ММФ, ЕЦБ и Грција во следните неколку дена.
Сеуште не се расчистени несогласувањата за прашања како што е пазарот на трудот, пензиските реформи, зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ) и приватизацијата.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




