ЕК: Ревидираниот француски предлог овозможува почеток на преговорите со ЕУ
Објавено во: Македонија 04 Јули, 2022 13:58
Европската Комисија го поздрави ревидираниот француски предлог за преговарачката рамка за Северна Македонија и смета дека овозможува почеток на преговорите со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
- Го поздравуваме развојот на ситуацијата во однос на Бугарија и Северна Македонија, после француските предлози и благодарение на работата на француското претседателство кое ја заврши својата мисија минатата недела, направивме голем напредок по ова прашање - изјави Дана Спинант, портпаролка на Европската Комисија на денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел.
ЕК, додаде, е информирана за протестите против предлогот, кои се одржаа овој викенд во Скопје, како и за ставот на опозицијата која смета дека предлогот не е доволно добар.
- Од блиску ги следиме настаните во Северна Македонија, сега е време за одговорни одлуки кои ќе овозможат да се оди напред во процесот. За нас сега е време да се напредува со преговарачкиот процес, ревидираниот француски предлог токму тоа го овозможува - изјави портпаролката Ана Писонеро.
Таа додаде дека Комисијата ги „повикува сите политички партии да делуваат конструктивно во име на интересите на граѓаните кои долго време чекаат за ЕУ патот“.
-Предлогот на француското претседателство ги зема предвид интересите и преокупациите на сите, рече Писонеро.
Можеби ќе ве интересира
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар




