23 Јануари, 2025
0.0329

Еко свест: Одлуката за бесплатен превоз е добра но, задоцнета - Потребни се повеќе итни мерки

Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

По притисокот на јавноста градските власти донесоа привремена мерка за бесплатен превоз со автобусите на ЈСП и приватните превозници, како и неколку мерки за контрола преку државните институции. Загаденоста на воздухот речиси цела зима е над дозволените рамки и е главна опасност по здравјето на граѓаните, па неизбежно е да се постави прашањето зошто овие мерки толку доцнат и како да се најдат трајни решенија. За барањата на граѓаните, но и на еколошките организации разговаравме со Невена Смилевска од Еко свест.

Фактор: Една од главните мерки која Град Скопје ја донесе е воведување бесплатен автобуски превоз додека воздухот е загаден над дозволените граници. Што мислите за оваа мерка, дали е навремена, може ли даде резултати?

Еко-свест: Мерката, иако мошне задоцнета, може да даде резултати. Сепак, за да даде резултати ваквата мерка треба да биде придружена со мерката „забрана за движење на индивидуални патнички возила“, бидејќи во спротивно некористењето на индивидуални возила е оставено на свесноста на граѓаните.

Фактор: Што вие како еколошко здружение им препорачувате на властите да преземат како краткорочни мерки во овој критичен период, но и долготрајни мерки кои би го намалиле загадувањето на воздухот?

Еко-свест: Група граѓански организации уште во ноември изготвија предлог план за справување со аерозагадувањето во кој се предложени бројни мерки. Предлозите се однесуваат на секторите сообраќај, домаќинства, индустрија и енергија. Меѓу другото, мерките вклучуваат намалување на сообраќајот преку соодветно означување на возилата според тоа колку загадуваат и исклчување на возилата кои загадуваат над одредена граница во услови на високо загадување; усвојување и примена на сообраќајни планови за поинаков режим на сообраќајот во денови со високо загадување; промена на возниот парк на јавниот превоз со хибридни автобуси; стимулирање на велосипедскиот сообраќај и дестимулирање на автомобилскиот сообраќај.

Во однос на домаќинствата, сите домаќинства кои ја имаат можноста треба да бидат приклучени на топлификациската мрежа, додека за оние кои немаат таква можност потребно е да се предвидат субвенции за промена на начинот на греење од дрва или друго цврсто гориво кон топлински пумпи. Домаќинствата кои користат огревно дрво и не се во можност да се пренасочат кон почист енергенс потребно е да обрнат внимание на ефикасноста на своите печки и на влажноста на дрвото, бидејќи влажното дрво емитува повеќе емисии, истовремено ослободувајќи помалку топлина.

За индустријата неопходно е да се зачестат инспекциите, да се прават инспекции во ноќните часови и да се применуваат законските казнени одредби за сите надминувања на дозволените емисии.

Од аспект на енергетиката, за да можат да се применат мерки за енергетска ефикасност и со тоа да се намали потребата од загревање и трошење  на енергија, неопходно е да се воспостави Фондот за енергетска ефикасност предвиден со Стратегијата за енергетика. Од друга страна, со искористување на сончевата и ветерната енергија значително ќе се намали потребата од производство на енергија од фосилни горива, што исто така ќе придонесе кон намалување на аерозагадувањето.

Како итни мерки кои треба веднаш да се применат предлагаме привремена забрана за сообраќај за индивидуални возила и привремен прекин на работа за индустриските капацитети.

Фактор: Дали од досегашните разговори со властите гледате политичка волја да се преземат конкретни чекори. Треба ли јавноста да изврши поголем притисок и како тоа да се канализира?

Еко-свест: МЖСПП оваа година излезе со предлог конкретни итни мерки кои сеуште не се дискутирани од Владата. Град Скопје денес излезе со некои мерки кои исто така ќе бидат барем во одредена мерка корисни. Останува и другите институции кои имаат било каква надлежност да преземат поактивна улога во донесување решенија.

Постојат неколку неформални граѓански иницијативи кои работат на мобилизација на граѓаните и вршат притисок. Ние генерално ги поддржуваме овие иницијативи и нивните насоки и се обидуваме да им дадеме насока за заедно да имаме подоголемо влијание и заедно да стигнеме до посакуваниот резултат.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција