15 Мај, 2024
0.0272

Еколошка катастрофа во Западна Вирџинија

Објавено во: Свет 10 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Претседателот Барак Обама прогласи вонредна состојба во сојузната држава Западна Вирџинија, откако излевање на хемикалија остави 300.000 лица без вода за пиење и предизвика затворање на училиштата и бизнисите, објави Гласот на Америка. Хемикалијата 4-метилциклохексан метанол, што се употребува во индустријата за јаглен, се излеала во реката Елк во главниот град Чарлстон, во близина на централа за прочистување на водата. Излевањето се случило од складиштен контејнер на компанијата „Фридом индастрис“, која се опишува како производител на специјални хемикалии за индустријата на јаглен, челик и цемент.  Компанијата за сега не го коментира инцидентот, но главниот обвинител во областа соопшти дека властите на федерално ниво започнале истрага за случајот. Властите ги предупредија жителите да не ја користат водата од водоводот за пиење, капење, готвење или пак перење на облеката. Траат напорите да се достават доволни количини вода во шишиња, а низ цела Западна Вирџинија се отворени центри за дистрибуција на вода. Се` уште не се знае колкава количина од хемикалијата се излеала во реката, а штетите од еколошкиот инцидент допрва ќе се проценуваат.

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“