17 Декември, 2025
0.0707

Економијата и невработеноста ги бркаат младите од земјава

Објавено во: Економија 12 Август, 2013 20:40

Добивај вести на Viber

Младите се иселуваат од Македонија главно поради економски причини, изјави претседателката на Националниот младински совет Ивана Давидовска за време на прес конференцијата по повод одбележувањето на 12 август, Меѓународниот ден на млади годинава посветен на миграцијата. 16 проценти од оние граѓани од земјава кои мигрирале во странство, постојано или привремено, се млади, наспроти светскиот просек според кој мигрираат 10% од младите. Иако една четвртина од населението се млади, според Давидовска, тие се соочуваат со безброј предизвици од економски или социјален карактер, пред се со младинската невработеност и мигрирањето. За вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, земјите во кои има млади луѓе имаат и иднина. Тој посочи дека од 1998 до 2012 година, околу 230 илјади граѓани, односно околу 12 отсто од населението, се иселиле од земјава, но за него ова е придобивка. „Тие секако во Република Македонија ќе донесат знаење, развој, ќе донесат со нивното знаење можеби и инвестиции во иднина и тоа е доброто. Тоа се тие главни принципи на слободно движење во рамките на ЕУ, слободно движење на капитал, на знаење, услуги, технологија и човечки ресурси. Дел од нив се отидени од социјално-економски причини, за работа, дел од нив се отидени за образовни цели, меѓутоа ова треба да го согледаме како потенцијал за развој“, изјави Бесими.  

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас