ЕКОНОМИЈАТА ЌЕ ПОМИНЕ ПОЛОШО ОД ОЧЕКУВАНОТО: ММФ ќе ја ревидира прогнозата за раст
Објавено во: Економија, Корона Вирус 16 Јуни, 2020
Светот ќе има многу поголеми економски последици од пандемијата од она што се очекуваше.
Меѓународниот Монетарен фонд треба да ги ревидира своите проекции за глобалната економија.
Оваа проекција ќе биде полоша од претходната.
ММФ во април предвиде дека светската економија ќе се намали за три проценти.
Новата прогноза ММФ ќе ја објави на 24 јуни и таа најверојатно ќе ја претстави „исклучително предизвикувачката ситуација“ во економијата, изјави извршната директорка Кристалина Георгиева.
„Веројатно ќе ја ревидираме прогнозата кон долу и истата ќе се темели врз најновите показатели и податоци. Тие говорат дека поголем дел од земјите поминуваат полошо отколку што претходно предвидувавме“, вели Георгиева.
Уште неколу години банкарскиот сектор глобално ќе се соочува со проблеми.Тој ќе биде под притисок до 2025 година, дури и кога глобалната економија ќе почне да се опоравува од кризата предизвикана од пандемијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.