„ЕКОНОМИСТ“ ТВРДИ: На европската економија ѝ се заканува троен шок
Објавено во: Економија 30 Март, 2024
Европа не е позната по својата живост, но сега е во стагнација според сите стандарди. Изненадена од енергетскиот шок што следеше по воведувањето на санкциите кон Русија во 2022 година, економијата на Европската унија порасна за само четири отсто оваа деценија, во споредба со осумте во Америка; од крајот на 2022 година, ниту нејзината, ниту британската не се зголемија.
Како тоа да не е доволно лошо, пишува The Economist, Европа сега се соочува со наплив на евтин увоз од Кина, кој иако е од корист за потрошувачите, може да им наштети на производителите и да ги зголеми социјалните и индустриските конфликти. Тука е и Доналд Трамп, кој за една година би можел да се врати во Белата куќа и да воведе огромни царини за европскиот извоз.
Европскиот „тајминг“ е лош. На стариот континент му треба силен раст за да помогне во финансирањето на повисоки трошоци за одбраната, особено кога американската поддршка за Украина пресушува и да ги исполни нејзините цели за зелена енергија.
Европејците се повеќе се разочаруваат, а проблемите како што се брзото стареење на населението, гломазните и комплицирани регулативи и несоодветната пазарна интеграција не исчезнаа.
Што треба да направи Европа? Според весникот, патот напред е расфрлан со замки. Една грешка би била да се задржи економската политика премногу цврста во време на ранливост - грешка што Европската централна банка ја направи претходно.
Во последните години банката се бореше против инфлацијата со зголемување на каматните стапки. Но, за разлика од Америка која слободно троши, европските влади ги доведуваат своите буџети во подобра рамнотежа, што би требало да ја олади економијата, додека евтините кинески стоки директно ќе ја намалат инфлацијата. Тоа им дава простор на европските централни банки да ги намалат каматните стапки за да го поддржат растот. Ќе биде полесно да се справиме со надворешните нарушувања доколку централните банки спречат економијата да западне во криза што ќе им отежне на работниците да најдат нови работни места.
Друга замка би била да се копира американскиот и кинескиот протекционизам со ослободување огромни субвенции за одредени индустрии. Субвенционите војни трошат скудни ресурси, а во Европа, земјите веќе започнаа трка до дното. Американската индустриска политика не успеа да ги возбуди гласачите како што се надеваше претседателот Џозеф Бајден, а царините чинат повеќе работни места отколку што создадоа.
Спротивно на тоа, трговијата ги прави економиите побогати дури и кога нивните трговски партнери се протекционисти. Американскиот производствен бум е шанса за европските производители да снабдуваат делови; евтиниот увоз од Кина ќе ја олесни транзицијата на зелената енергија и ќе обезбеди олеснување за потрошувачите кои настрадаа за време на енергетската криза. Селективна и пропорционална одмазда против протекционизмот може да биде оправдана во обид да се одвратат Америка и Кина од понатамошно нарушување на глобалните трговски текови. Но, тоа би имало цена за европската економија, предупредува „Економист“.
Наместо тоа, Европа треба да креира сопствена економска политика која одговара на моментот. Додека Америка ја опсипува индустријата со јавни пари, Европа треба да троши на инфраструктура, образование и истражување и развој. Наместо да го имитира кинескиот интервенционизам, Европа треба да обрне внимание на придобивките што кинеските фирми ги добиваат од огромниот домашен пазар. Интегрирањето на европскиот пазар на услуги, каде трговијата и понатаму е тешка, ќе им помогне на фирмите да растат и да ги заменат некои изгубени работни места во производството.
ЕУ треба да ја реформира својата оптоварена и фрагментирана регулатива, која исто така ги кочи услужните индустрии. Истиот ефект би го имал и обединувањето на пазарот на капитал. Европските дипломати треба да потпишат трговски договори каде и да им се нудат. Поврзувањето на електричните мрежи ќе ја направи економијата поотпорна на енергетски шокови и ќе ја ублажи зелената транзиција.
- Ваквата отворена агенда во ерата на протекционизмот можеби изгледа наивна. Но, длабоките, отворени пазари имаат потенцијал да го поттикнат растот на Европа додека светот се менува околу неа. Додека удираат шоковите, креаторите на политиката мора да останат приземјени на таа реалност, заклучува „Економист“.
ФОТО: Илустација-unsplash
Извор: новости.рс
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.