Економски мерки во регионот и во Македонија: Колку различни, толку и исти
Објавено во: Економија 02 Април, 2020
За да се намали економскиот удар кој го зададе КОВИД-19 во регионот, владите на Балканот усвоија пакети за помош, кои вклучуваат заеми со нула стапка, одложување на исплати на кредити и даноци и стимулации за зачувување на работни места. Во исто време, владите и централните банки излегоа со мерки за да обезбедат стабилност на деловните банки.
Добро за Македонија во овој случај е тоа што дејностите кои се најпогодени како услугите, туризмот и автомобилската индустрија опфаќаат само 39,4 отсто во вкупната структура на вработеност. Тоа е најмалку во регионот, а овие сектори опфаќаат дури 67,1 проценти од вработеноста во Хрватска, која во овој случај е најпогодена. Следни се Словенија и Црна Гора со 56,2 проценти. Кога станува збор за потрошувачката на населението во вкупниот БДП, Македонија е во земјите од средината со 62,9 отсто. Тука Словенија е најбезбедна со 50,9 проценти, а најзагрозени се Албанија и Црна Гора со дури 77,7 отсто.
Албанската влада подготви олеснителен пакет од 340 милиони евра за поддршка на секторите на економијата погодени од коронавирус, зајакнување на трошоците за здравство и помош на фифичките лица кои имаат потреба. Големите претпријатија ќе добијат пакет помош од 100 милиони американски долари, додека 65 милиони американски долари ќе одат за мали и средни претпријатија. Сите каматни стапки на наплата на сметки за електрична енергија ќе бидат избришани за деловните субјекти и домаќинствата погодени од ширењето на вирусот. Крајниот рок за плаќање данок на добивка од страна на деловните субјекти со годишен обрт од 20.000 до 140.000 американски долари се одложува за втората половина од годината.
Бугарија ќе воведе пакет финансиски мерки во вредност од 2,3 милијарди евра за поддршка на деловните активности кои се под притисок на корона вирусот (СОВИД-19) и зачувување работни места. Мерките вклучуваат зголемување на капиталот на државната Бугарска банка за развој за да му помогне на деовниот сектор, исплатена поддршка од владата од 60 отсто од платите на вработените кои инаку би можеле да бидат отпуштени, одложување на исплатата на годишниот данок на добивка до 30 јуни и нудење на бескаматен заем на работниците оставени на принуден одмор. Владата ќе го зголеми капиталот на БДБ за 500 милиони лева, што ќе послужи како гаранција дека деловните субјекти ќе добијат кредити во висина од 2,5 милијарди даноци, што е 1,28 милијарди евра.
Централната банка на Хрватска го намали фондот на резерви на 9 отсто од сегашните 12 со цел да му обезбеди на банкарскиот систем поголема ликвидност. Овој потег ќе го намали обемот на вкупните задолжителни резерви за 10,45 милијарди куни (1,37 милијарди евра). Покрај тоа, централната банка на Хрватска им забрани на локалните кредитори да дистрибуираат дивиденда за минатата година, со цел да се осигурат дека ликвидноста на банкарскиот систем ќе ја поддржи домашната економија. Исто така, се очекува комерцијалните банки да се воздржат од распределување разни дополнителни надоместоци, вклучително и бонуси и исплати за отпремнина. ХНБ исто така одложува одредени надзорни активности како што се стрес-тестови.
Во исто време, хрватскиот парламент ги одобри законските измени во насока на допуштање на државната развојна банка ХБОР и деловните банки за замрзнување и одложување на отплата на заемите, како и обезбедување на финансирање на обртни средства и за реструктуирање на постојните заеми, вклучително и заеми за финансирање на исплаќање на плати, производни и бизнис-планови и други основни оперативни трошоци на фирмите. Финансискиот пакет е вреден 400 милиони евра, рече премиерот Андреј Пленковиќ. Владата ќе финансира 100 отсто од трошоците поврзани со исплата на минимални нето плати ако компаниите не отпуштаат работници. Пакетот вклучува и посебни мерки за поддршка на туристичкиот сектор, како што се одложување на плаќање данок на државата и општините, зголемено финансирање за микро и мали претприемачи и за обртни средства, и побрза исплата на средства одобрени во рамките на проектите на ЕУ.
Црногорската влада воведе тримесечен мораториум за отплата на заемите на банките, финансиските компании за лизинг и Фондот за инвестиции i развој на Црна Гора (ИРФ). Покрај тоа, владата воведе кредитна линија од 3 милиони евра (3,3 милиони американски долари) со каматна стапка од 1,5 проценти за компаниите што се активни во испорака на лекови, медицинска опрема, туризам и угостителство, транспорт, услуги, како и производство на храна и преработка. Исплатата на закупнини за недвижнини во државна сопственост исто така беше одложена за 90 дена, додека забрането е започнување на сите видови постапки за јавни набавки, освен оние што се неопходни за функционирање на здравствениот систем.
Владата на Србија планира да обезбеди до 4,5 милијарди евра (4,9 милијарди американски долари) за поддршка на бизнисот, пред се туризмот, услугите и земјоделството. Засега, сепак не се прецизира во која форма ќе биде достапна поддршката. Владата ќе обезбеди помош само за компаниите кои ги задржуваат своите вработени, рече претседателот Александар Вучиќ.
Словенечката влада има стимулативен пакет од 2 милијарди евра за деловните субјекти и поединците со фокус на зачувување на работните места. Владата ќе ги кофинансира до крајот на мај платите и социјалните придонеси на сите работници кои се испратени дома, во очекување да продолжат со работа. Сите вработени кои не се во можност да работат заради „виша сила“, како што е итна потреба да се обезбеди грижа за децата, ќе бидат третирани како еднакви на горенаведената група на работници. Покрај тоа, работниците кои ги губат своите работни места за време на кризата, автоматски ќе започнат да добиваат бенефиции за невработеност уште од првиот ден. Самовработените работници кои не се во состојба да ја вршат својата работа во тековната ситуација, имаат право да добиваат до 70 отсто од минималната нето месечна плата на Словенија, при што владата исто така ќе превземе и плаќање на нивните здравствени и пензиски придонеси. Мерките исто така имаат за цел да ја подобрат социјалната состојба на пензионерите, особено оние со пониски пензии, преку исплата на додаток на солидарност заради коронавирусот.
Покрај тоа, владата подготви пакет мерки за поддршка на ликвидноста на локалните бизниси и обезбеди финансиска поддршка на проектите за истражување во здравството. Мерките вклучуваат и посебна поддршка на земјоделските капацитети. Во исто време, платите на сите носители на јавни функции ќе бидат намалени за 30 отсто за периодот на криза. Че бидат намалени и сите надоместоци на членовите на одборите на државните компании. Се дозволува одложување на отплата на кредитите за период од 12 месеци, или на подолго или пократко време, но во корист на кредитобарателот.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.