27 Април, 2024
0.0399

Екран како од филмските студија: „Самсунг“ го носи „QLED 8K“ и во Македонија

Објавено во: Мои пари 04 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Револуционерната иновација на „Самсунг електроникс“ со QLED телевизорот кој има 8К резолуција и прикажува совршена слика и тон, до крајот на годинава ќе биде достапен и за потрошувачите во Македонија. Овој новитет, „Самсунг“ го презентираше на најголемиот Саем за електорнска потрошувачка „ИФА“ во Берлин, кој ќе биде отворен за посетители до 5 септември.


„Фактор“ имаше можност да ги тестира производите на „Самсунг“, два дена пред официјалното отворање на саемот во Берлин.

Според Милан Вујовиќ, првиот човек на „Самсунг електроникс“ за јадранскиот регион, во кој се наоѓа и Македонија, вели дека конечно добиваме телевизор кој содржината ја претвора во 8к резолуција.

- Тоа значи дека HD содржината или 4К содржината кој влегува како извор на самиот телевизор ќе биде претворен во 8К содржина што досега се користеше само во големите филмски студија. На овој начин покажуваме како ние како компанија преку употребата на вештачката интелигенција работиме на подобрување на содржината која се емитува, но не само на сликата туку и на тонот. Во моментов немаме точен податок кога ќе биде пласиран производот на пазарот, но ние очекуваме до крајот на годината да се појави во Југоисточна Европа, односно и во Македонија - изјави Вујовиќ по офоцијалното презентирање на производот.

Освен тоа што „QLED 8K“ прикажува совршена слика и тон, понудија и технички решенија кои се однесуваат на телевизорот кога тој е изгасен.

- Нема повеќе да биде само обична црна кутија која стои на ѕидот, туку тоа е уред кој ќе има содржина и во моментот кога не работи. Тоа може да биде некоја ваша фотографија, уметничка слика или да ја емитува истата позадина на која е поставен. На овој начин покажуваме како ние ја гледаме иднината кога се во прашање телевизорите - вели Вујовиќ.

Фокусирајќи се на корисниците, „Q900R“ моделот нуди широк спектар на нови функции кои овозможуваат поинакво коистење на ТВ екраните и највисок квалитет на сликата и тонот.


На пример, телевизорот препознава и анализира голем борј уреди за забава, како што се аудио уредите поврзани преку оптички кабел со „One Remote“, притоа одбирајќи  најсоодветен извор на ТВ слика и аудио аутпут за оптимизирано искуство при гледањето на содржини. Амбиенталниот режим е исто така подобрен за беспрекорно вклопување на ТВ екранот во средината преку прикажување прекрасни слики, временска прогноза, вести и најразлични информации.

Сениор потпретседателот на Бизнисот со визуелни екрани на „Самсунг електроникс“, Јонгсук Чу на презентацијата најави во текот на годинита работеле на придвижување на индустријата напред кога станува збор за премиум квалитет на сликата, а воведувањто на нашиот „QLED 8K“  со „8K AI“ зголемување на резолуција е дел од иднината на дигиталните екрани.


- Возбудени сме да го претставиме новиот „Q900R“ на потрошувачите и воедно сме убедени дека тие нема да доживеат ништо помалку од слика во јасна и брилијантна боја како и одличен звук на нашите нови 8K модели - изјави Јонгсук Чу.

„QLED 8K“ ќе биде достапен во четири ултра-големи различни димензии на екранот 65”, 75”, 82” и 85”, а ќе има и неколку 8К подобрувања, вклучувајќи QLR8K, Real 8К резолуција и 8К квантум процесор, сите создадени за да донесат поголем 8К- квалитет на самата слика.


Најавија дека преку инвестирањето на повеќе милијарди долари во изминативе месеци ќе ја отклучат вештачката интелигенција и 5Г мрежата за корисниците. Целта е да се обезбеди континуирана интеграција на напредокот на хардверските и софтверските решенија и услуги.

Со новите истражувачки центри со вештачка интелигенција воспоставени ширум светот, вклучувајќи ја и неодамна отворената во Кембриџ, Велика Британија, „Самсунг“ очекува околу 1.000 реномирани истражувачи од областа на вештачката интелигенција да работат во овие капацитети на глобално ниво до 2020 година.


Истражувачите ќе работат на дизајнирање и развивање на кориснички-центрична вештачка интелигенција за подобрување на животот на корисниците на сè поинтелигентен, корисен и персонализиран начин.

На Саемот во Берлин, „Самсунг“ ги презентираше и „The Wall“ микро ЛЕД екран дизајниран за компании и употреба надвор од домот. Исто така, го претставија и новиот „The Frame“, кој е 49-инчен модел збогатен со функција за едноставно откривање овозможувајќи им на корисниците едноставен пристап до специјално куратирани уметнички дела кои може да бидат прикажани на екранот без притоа да мора да пребаруваат низ стотиците опции.

Од семејстовот „Самсунг“ беа презентирани и паметни домачински апарати со посебен акцент на кујнските елементи.


„Во современиот живот се повеќе се вклучени динамичните технологии кои имаат повеќенаменска улога во домовите на потрошувачите. Во согласност со овој трент, кујната станува централно место во домот, а апаратите во домаќинството ја превземаат улогата на интелигентни помошници“, најавуваат од „Самсунг“ при презентацијата на „Family Hub“ фрижидерот, шпоретот „Dual Cook Flex“.

За љубителите на новите технологии на секое поле беше презентиран и новиот Галакси Рачен Часовник (Galaxy Watch). Во согласност со потребите на потрошувачите да водат здрав живот, Галакси часовникот во себе има вграден уред за следење на управувањето со стресот, монитор за следење на работата на срцето и на квалитетот на сонот, како и вежби за дишење кои им помагаат на корисниците да останат фокусирани.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг