Екс директор на ЦИА: Трамп претера во Обединети нации
Објавено во: Свет 22 Декември, 2017
Џон Бренан, поранешниот директор на ЦИА кој беше разрешен од Доналд Трамп, упати големи критики на адреса на американскиот претседател бидејќи претерал со агресивниот пристап во Обединетите нации и упатените закани кон сојузничките држави дека ќе им ја укине финансиската помош со што може опасно да се загрозат интересите на САД.
Трамп немаше потреба од толку агресивен настап поддржан од американската амбасадорка во ОН Ники Хејли за резолуцијата со која огромно мнозинство на земји од Генералното собрание гласаа против САД издвојувајќи како единствена држава која го призна Ерусалим за главен град на Израел.
„Заканите на администрацијата на Трамп за одмазда против нациите кои имаат суверено право да ја изразат својата волја во ОН спротиставувајќи се на американските позиции за Ерусалим се повеќе од срамни. Тие покажуваат дека Трамп со очекувањата за слепа лојалност и субмисија од секого е сличен со нарцистичките одмаздливи автократи, порача Бренан.
Самото гласање за поддршка на резолуциите на Обединетите нации нема да ги спречи САД да ја преместат својата амбасада во Ерусалим, па така непотребно дојде до нарушување на угледот со речиси сите светски земји кои им се спротиставија на американците и администрацијата на Трамп.