ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОД ВМРО-ДПМНЕ, КАНДИДАТ НА СДСМ: Жика Стојановски сака нов мандат во Илинден преку опозицијата
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2025 10:39
Поранешниот градоначалник на Општина Илинден Жика Стојановски повторно ќе ја бара довербата на жителите, овојпат како кандидат на СДСМ.
Претходно, во четири мандати беше градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, а на минатите избори, беше независен кандидат.
СДСМ, освен Стојановски, објави уште тројца други кандидати, а по одлуката на Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната попладневна седница.
Едис Хасан – кандидат за градоначалник на Шуто Оризари.
Игор Христов – кандидат за градоначалник на Кочани.
Исуф Синани – кандидат за градоначалник на Долнени.
„Со ова, СДСМ веќе има објавено 64 кандидати за градоначалници од СДСМ во 64 општини ширум државата. Сите кандидати на СДСМ се луѓе со интегритет, докажани кадри со желба за работа и јасна визија за развој на своите општини“, велат од СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




