Екс припадник на УЧК бара Еди Рама да ургира за правата на ветераните во Македонија
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2017 22:57
Азби Нуредини, поранешен припадник на УЧК во име на своите соборци му пиша писмо на премиерот на Република Албанија Еди Рама да изврши притисок врз ДУИ да ги изнесе барањата на ветераните за нивните социјални права во новата влада.
„Ви пишувам вам бидејќи Вие успеавте да ги обедините албанските партии во Македонија. Затоа сега треба да се издејствува носење на законот за жртвите, ветераните и инвалидите на УЧК од 2001. Во име на моите соборци ве молиме да го искористите вашето влијание врз ДУИ која ако биде дел од власта мора итно да го спроведе овој закон за да престане институционалната дискриминација само затоа што сме Албанци. Сличен закон за македонските бранители беше донесен уште во 2002-ра, а нивните потомци уживаат бенефити“, пишува Нуредини до Еди Рама.
Засега од официјална Тирана нема реакција за ова писмо.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




