26 Април, 2024
0.1035

ЕКСКЛУЗИВНА ИСПОВЕД ЗА ФАКТОР: Таткото на Сташа, една од тешко повредените девојки во страотната сообраќајка, ја вперува вината за благата казна во корумпираноста на судијата

Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Искрено сожалувам со Антонио Ангелоски кој лани во август ја предизвика сообраќајната несреќа на патот Охрид-Свети Наум. Тој за цел живот е осуден, на совест ќе носи два млади животи и три осакатени девојчиња. Но, судијата Бојан Мартиноски од Охрид, кој е корумпиран, е оној кој придонесува за ова искривено општесвтво, за овие искривени случувања кои постојано ни се повторуваат на сите страни, отворено проговори за Фактор, Игор Божиновски, таткото на Сташа, едно од трите девојчињата кое беше тешко повредено во страотната несреќа лани летото.

Божиновски е силно уверен дека пресудата-Условна казна- за Ангелески изречена од судијата Бојан Мартиноски, ќе биде променета од страна на повисоките судски институции.

-Во еден момент наеднаш ни се случува Кичеец, ни се случува ова за кое разговараме, ни се случуваат уште четири други случаеви, каде со смртни последици имаме условни казни, казна од 6 месеци затвор и така натаму. Заеднички заклучок е: „најлесно е да се убие човек во сообраќајка. Земете возило, прегазете човек и ќе лежите најмногу 6 месеци. Судијата Бојан е апсолутно корумпиран. Кој здрав, едуциран судија би донел пресуда-условна казна-во случај со ваква тежина. Обвинителство веќе го обжали случајот, уште пред да помине рокот за жалба. Јас контактирав и со обвинителство и со претседателот на охридскиот Суд и дознав дека во последен момент од предвидениот рок, Обвинителството ја поднесе жалбата. Тоа значи дека случајот ќе се врати во Апелација во Битола. Во овој случај би требало да е обжалена само пресудата, и тоа е задоволително, иако целиот процес на судење е многу дискутабилен. Во самата пресуда стои дека вината е споделена меѓу Антонио кој учествувал во трката и Иван Корач, загинатото дете, кое наводно не застанало на знакот СТОП. Но, ниту еден сведок не е донесен, или е изнесен каков било доказ со кој се потврдува дека Иван не застанал на знакот СТОП, иако во вештачењето е потврдено дека тој се движел со брзина од само 20 километри на час, што значи дека тој само што тргнал од знакот СТОП. Затоа, јас сум убеден дека ќе ја променат пресудата, но не сум сигурен дали има начин како би се вратило судењето назад. Истовремено, не гледам ни потреба да се врати целото судење од почеток, доколку се дојде до промена на казната. Колку само за споредба, имаше една мала студија на некој адвокат кој токму овој случај го изнесе. Споредбата е со сосема слични сообраќајни несреќи во Америка, Нов Зеланд, Австралија каде казната е 15, 20, 30 години затвор, па и доживотен затвор, раскажува Божиновски.

Таткото на младата девојка која уште се опоравува од повредите, вели дека пропусти во целиот случај се направени уште на самиот почеток од истрагата.

-Првите сведоци се некои туристи од Белград кои ги сретнав. Тие биле сместени во непосредна близина на несреќата. Се виделе и се слушнале. Прво слушнале како две коли се тркаат, шкрипејќи со гумите, претекнувајќи, се иако во пресудата втората кола воопшто не е спомената како учесник, туку како оштетена. Тие први дошле на настанот, потоа стигнала полицијата, но ги избркале, буквално ги избркале оттаму. Не сакале ниту изјави да им земат, иако самите се понудиле да бидат сведоци, што значи дека полицијата веќе била информирана како да постапува. Ако истражните органи, уште тогаш се врателе само 200 метри наназад ќе утврделе дека има траги од гуми, како се претекнувале двете коли, но тоа не било направено. Ниту биле земени изјави од околните жители и туристи кои биле таму присутни. Има пропусти во тој дел од истрагата. Утврдено е дека Антонио, оној кој ја предизвика сообраќајната несреќа немал алкохол во крвта, 0 промили алкохол. Но, јас ги пронајдов двете деца кои повеќе од 2-3 часа заедно со Антонио седеле во кафуле и пиеле. Тоа се сведоци кои посведочија дека 2-3 часа поминале заедно пиејќи. Но, како сведоци пред судот не излегоа, никој не ги повика. Тие деца јас ги пронајдов. Спремни се за сведочење ако некој ги повика. Случајот е презеден од Обвинителство, но самото вештачење кое се одвиваше, се оддолжи повеќе од една година, со невозможни искази...дека се изгубиле податоците, дискот кој бил испратен од Охрид за Битола не можел да се отвори, разни други причини за да се оддолжи што повеќе. Ниедно вештачење не трае толку долго. Со судијата воопшто не стапивме во контакт, бидејќи до последен момент, очекувавме дека колку-толку правдата ќе биде задоволена, детално раскажува Божиновски.

Во нашиот раговор, таткото на Сташа, отворено проговори и за најтешките моменти кои сите пет семејства ги преживеале веднаш по несреќата. Вели дека во одреден момент од неговиот живот, тие деца ги растел, ги гледал како од деца стануваат луѓе, им се радувал на младоста, а за „младешките проблеми“, изнаоѓале заеднички решенија.

-Деспина беше со „најлесни“ повреди, а за нејзиното излекување беа потребни неколку месеци бидејќи имаше тешка контузија на главата, скршеница на фацијалната коска и на клучната коска. Сташа, ќерка ми, помина со многу тешки операции, кои траеја со часови...5 часа и 55 минути, во кои ги броев секундите...беа составувани нејзините делови од карлицата, клучната коска, рамето. И беа вградувани штрафови, шипки, плочки, а потоа следуваа уште низа операции за корекции, па за вадење на делови од шипки, анестезии, рентгени, магнетни резонанци, цела година лекарства. Дури сега, по повеќе од една година започна нормално физички да функционира. Исидора пак, помина најтешко...Таа беше два-три месеци во целосна кома на КАРИЛ. Потоа неколку месеци функциониреше единствено на апарати. Имаше многу тешки повреди на градите, целосно повреден мозок, повреди на окото, слезината...скршеници по целото тело. Стигна до само 26 килограми телесна тежина, ниту еден доктор не се надеваше дека таа воопшто ќе преживее. Но, еве, по година и неколку месеци веќе се избори дотаму да со помош и поддршка може да чекори, движењата се некоординирани, но сепак и тоа е нешто, тешко говори, но, повторно ќе речам, напредокот е значаен. Најверојатно ќе останат некои последици, но се надеваме на што помали... Сите деца сум ги растел во одреден момент од животот. Таткото на Иван Корач, детето кое загина на лице место, е мој многу добар пријател. Сега е сосема сам, ја изгуби сопругата пред пет години, а сега и синот единец. Милан се бореше месец дена по несреќата. Беше хоспитализиран на КАРИЛ, во потполно идентична состојба како Исидора. И двајцата беа во кома, но за жал, во еден момент кај него се откажа и по месец дена почина. И во неговото семејство има големи трагедии. Ја изгуби мајката пред некое време, така што сега останаа сами брат му и татко му кои не можат да го прежалат случајот. Борбата и траумата на семејствата, на пријателите и воопшто на сите нас се страшни, вели Божиновски.

Истовремено, како што нагласува тој во нашиот разговор, вели дека Сташа и по повеќе од една година се соочува со голема психолошка траума, и има три моменти во кои што е тешко вовлечена.

-Прво, тоа е смртта на другарите, потоа тешката повреда на Исидора, и трето, нејзината желба за правдина поради што не може да излезе од тој виор, па  постојано на тоа се враќа. Колку и да сакав да и помогнам да сфати дека треба да гледа напред, да се фокусира на својот напредок  и на опоравувањето на Исидора, сепак сфатив дека таа нема да се смири се додека правдината не излезе на виделина. Затоа морав да се вклучам активно во целиот нејзин процес на опоравување, барајќи ја правдината. Кога дојде пресудата, најмалку очекував дека ќе биде ваква каква што е-условна казна за возачот. Барем да беше година-две затворска казна. Имаше некои изјави, реакции од граѓаните кои велат: „Татко да му беше судијата, ќе го осудеше барем на 6 месеци за да научи дека не треба да вози така. Ваквата пресуда навистина беше шок за сите. Повторно преживување на сите трауми, навистина страшно. Притисокот од јавноста беше огромен. Овие неколку дена социјалните мрежи гореа во однос на оваа тема, па и покрај сите недостатоци на овој систем, министерот за правда, Бојан Маричиќ најде доблест да се огласи и да се повика на правото, да каже дека ваков случај, ни како татко, ни како министер не може да премолчи и очекува сиот судски совет и јавноста да биде насочена кон правилоноста на новата пресуда која ќе ја чекаме. Моето чувство е такво, да подолго време немам надеж во управување на овој систем, но би бил среќен, ако ние кои го покренавме сето ова сме добар пример дека подигнувањето на гласот може нешто да промени. Ние сме премногу тивок народ, премногу молчиме, премногу голтаме и сето тоа поминува многу лесно, заклучува Божиновски во разговорот за Фактор.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“