ЕКСКЛУЗИВНО: Српски научник откри кои органи „ги сака“ короната
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 02 Декември, 2020
Доктор Миланко Шеклер е прв кој со своите колеги од Ветеринарниот специјалистички институт од Краљево го „прочита“ опасниот вирус, а резултатите се запишани во светската база на податоци, објави 24sedam.rs.
До денес во Србија никој не им објаснил се за коронавирусот, а со тоа граѓаните да знаат како да се однесуваат.
Тоа го направи научникот од светски ранг Шеклер, кој го „прочита“ геномот на коронавирусот.
Вели дека луѓето многу малку знаат за вирусот, а тоа би им помогнало да се заштитат себеси, своето семејство и другите.
„Денес, по прашање на познавање на коронавирусот, скоро и да нема напредни и искусни научници во светот, затоа што овој вирус е нов и се проучува интензивно скоро цела година. Така што за овој вирус, помалку или повеќе, вклучувајќи ја и мојата маленкост сме „почетници“, барем засега и сигурни губитници. За да не биде така и во иднина, ќе мораме да поработиме на информирањето на што повеќе луѓе. Секако, со претпоставка дека сите професионалци, на кои вирусите, епидемиологијата и имунологијата, им се поле на работа, ќе мора да дадат се од себе. За почеток би се нашло најмалку штетното, а во иднина и најдобро можно решение за запирање на пандемијата на коронавирусот“, вели тој.
Вели дека тие со оваа група на вируси кај животните се борат веќе 100 години.
Тој додава дека овој вирус не е распираторен и дека ги напаѓа сите органи.
Објаснува дека иако тој влегува во организмот преку респираторните органи, сепак потоа се шири низ целиот организам и ги напаѓа сите органи.
Шеклер вели дека коронавирусите се многиу отпорни на надворешната средина, така што многу тешко можете да ги „закачите“ некаде надвор, од предмети или некои површини. Раскажува дека тероретски можете да се заразите од површината на амсата, само ако пред неколку минути таму кивнал некој кој е заразен, а кога сте седнале масата била влажна. Но, тоа е само теорија. Вели дека вирусот може да се пренесе на другите луѓе само ако го има заштитен во некоја телесна течност.
фото 24sedam.rs
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.