Експанзија на фотоцентрали до фабриките во индустриските зони

Објавено во: Економија 03 Април, 2024 11:55
Нормак Инвестмент, операторот кој во јавно-приватно партнерство со државата е косопственик на индустриската зона во Тетово, доби лиценца за пробно работење од Регулаторната комисија за енергетика за изградба на голема фотоцентрала од 10 мегавати, Истовремено, Дирекцијата на ТИЗР пред неколку дена склучила договор со компанијата „Зобек Мајнинг“ за околу 6,5 милиони евра да го расчистува теренот за поставување на фотонапонски централи на земјиште во преостанатите шест индустриските зони.
Својата приватна инвестиција „Нормак Инвестмент“, инаку конзорциум од норвешки фирми, како концесионер на слободната индустриска зона Тетово, ќе ја гради во блок 3, а директорот Александар Зарков во телефонски разговор ни рече дека тоа е неопходно бидејќи доаѓаат времиња кога ќе мора да се произведува на струја од обновливи извори на енергија.
- Оваа фотоцентрала не се гради за да ни донесе пари, туку затоа што фабриките кои се во нашата зона ги извезуваат своите производи во земјите од ЕУ. Таму од 2025 ќе има политика за зелено оданочување и нови услови за увоз, така што нашите фабрики ќе мора да прикажат во своите трошоци дека произведувале со „зелена енергија“, ни рече Зарков.
ТИРЗ Тетово е единствена економска зона која работи на принципот на јавно-приватно партнерство. Со зоната менаџира компанијата „НОРМАК инвестинг груп“, и според изградените капацитети и бројот на вработените во зоната, таа сега е најголемиот работодавец во Полошкиот Регион. Уште пред две години најави дека ќе прерасне во зелена зона, односно самата ќе произведува електрична енергија од обновливи извор
Пред неколку дена на системот за јавни набавки беше објавено дека Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони склучила договор од 412 милиони денари со „Зобек Мининг Груп“ за „уредување и подготовка на земјиште наменето за јавно-приватно партнерство за поставување на фотоцентрали“. Дирекцијата веќе има соработка со оваа компанија која го нивелира земјиштето во штипската индустриска зона. Според договорот, оваа компанија ќе гтреба да го уредува и подготвува непристапното земјиште во зоните Скопје 1, Скопје 2, Штип, Прилеп, Струмица и Струга за потоа таму да никнат централи.
Дирекцијата пред извесно време постигна договор по јавниот повик за јавно-приватно партнерство со турската „Фидес Електрик“ која ќе стопанисува со две фотоцентрали од по 4 мегавати, но само во зоните Струмица и Струга. Она што ќе го подготвува и расчистува „Зобек Мининг“ практично ќе биде платена услуга од државата за идните оператори на фотоцентралите како што сега е „Фидес Електрик“. Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, ни изјави дека трошоците за расчистување на терените ќе се вратат од операторите на постројките.
- Станува збор за гранични парцели во зоните, кои се речиси неупотребливи и полни со дупки. „Зобек Мајнинг“ ќе расчистува во Струмица и Струга, а плаќањето за другите зони ќе се одвива во зависност од тоа дали на повиците ќе се јават енергетски компании што ќе сакаат да постават постројки во Скопје, Штип и Прилеп. Ние ќе ги вратиме трошоците, бидејќи 10 отсто од продадената струја ќе биде за нас, а исто така има и посебни тарифи за надоместок за земјиштето, вели Деспотовски.
Пред точно една година АЕ Солар Инвест доби привремена лиценца за производство на електрична енергија од фотонапонска централа од Регулаторната комисија за енергетика и стана прва компанија што ќе гради во некоја од индустриските зони во земјата и при тоа струјата ќе може да ја продава на слободниот пазар.
Фирмата која е регистрирана пред две години е во сопственост на Ариан Етеми од Брвеница и произведува електрична енергија од крововите на индустриските капацитети во ТИРЗ Тетово.
A.K.
Можеби ќе ве интересира
МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДОГОВОРОТ СО СТАРМЕР Е ИСТОРИСКИ: Ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра

ГАСНО ПОВРЗУВАЊЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА: Вучиќ вели дека на самитот се разговарало за инфрастуктурни проекти

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ГО ПРЕДЛОЖИ КАНДИДАТОТ ЗА ГУВЕРНЕР: Што доколку во рокот не се избере прв човек на Народната банка?

БОЛИ ГЛАВА: Новиот функционер Богојески има криптовалути од над милион евра

НАБРЗО ЌЕ СЕ ДОЗНАЕ КАКО ЌЕ СЕ ГРАДИ ЧЕБРЕН: Божиноска вели при крај се со пресметките

Фактор анализа КОЧАНИ – ВИНИЦА 2024: Виница прави најголем алаш-вериш во Источна Македонија! Кои се најголемите во Виница и Кочани?
„СО МАКЕДОНСКА ПЛАТА, МОЖЕЛО ДА СЕ КУПИ ПРОСЕЧНО 4 ПАТИ ПОМАЛКУ ГАС ОТКОЛКУ СО УНГАРСКАТА“: Професорот Трајковски потсетува на неуспехот како држава

ПРАВИЛОТО „78 ОТСТО“ И ВО ЕСМ? Платата на директорите и до 2.500 евра
