ЕКСПЕРТИ ОД ИЗРАЕЛ: Нема да постигнеме колективен имунитет дури и целата популација да биде вакцинирана
Објавено во: Свет, Корона Вирус 09 Февруари, 2021
Израел можеби никогаш нема да може да постигне колективен имунитет бидејќи во таа земја живеат 2,5 милиони деца кои не можат да се вакцинираат.
„Во овој момент, кога ќе имаме 2,5 милиони деца кои не можат да се вакцинираат, најверојатно нема да постигнеме колективен имунитет, дури и ако целото население може да се вакцинира“, рече шефот на јавната здравствена служба, Шерон Алрој-Преис, пренесоа светските медиуми.
Колективниот имунитет се постигнува кога заразено лице може да зарази помалку луѓе отколку што инаку би се случило затоа што тие лица се имунизирани, објасни шефот на иновации во здравствената служба Клалит и претседател на Националниот советодавен совет за Ковид-19 во израелската влада , Рон Балицер.
„Ако бројот на лица кои можат да бидат заразени е три и ако двајца од три се имуни, тоа значи дека постигнавме колективен имунитет и болеста нема да се прошири“, објасни Балисер за израелските медиуми.
Во израелскиот парламент,завчера Алрој Преис ги презентираше своите проценки на денот кога започна постепено укинување на ограничувањата во Израел по 40 дена „заклучување“ поради епидемијата на коронавирусот.
Таа рече дека мерките функционирале и дека стапката на репродукција паднала од 1,3 на 0,99.
Во неделата беа укинати ограничувањата за движење по километар од местото на живеење и беа отворени национални паркови, археолошки локалитети, ресторани кои нудат стоки и храна за носење, како и компании кои не работат директно со клиенти.
Децата на возраст под 16 години сочинуваат 30 проценти од 9,3 милиони жители на Израел и не можат да се вакцинираат.
Исто така, има многу луѓе кои одбиваат имунизација и оние кои сè уште можат да се заразат затоа што вакцината не обезбедува 100% заштита, според израелските медиуми.
Покрај тоа, се покажа дека луѓето кои имале ковид-19 може повторно да се разболат.
Во Израел, 637 лица беа заразени двапати по три или повеќе месеци, соопшти тамошното Министерството за здравство.
„Ако мислевме дека по првото вбризгување на вакцината, сè ќе беше поинаку, нема“, рече Алрој-Преис, додавајќи дека има најнови податоци дека постојат видови што по втор пат ги заразуваат луѓето.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.