ЕКСПЕРТИ: Во 2018 не очекуваат жаришта кои ќе прераснат во војни
Објавено во: Свет 13 Декември, 2017
Американските експерти велат дека во 2018 година ќе има 30 жаришта кои можат да прераснат во војни.
Војна е можна помеѓу САД, Северна Кореја и нејзините соседи.
Судир меѓу Иран и САД може да вовлече и други милитантни групи.
Според предвидувањата можна е намерна или ненамерна пресметка меѓу Русија и земјите членки на НАТО.
Вооружен судир може да има и во Јужното кинеско море.
Не е исклучена и можноста од нова ескалација во Сирија.
Истото може да се случи и во Авганистан.
Има и опасности од второ ниво кои не би имале големи последици.
Тука спаѓаат политичката нестабилност во Венецуела, судири во Мјанмар, судири меѓу Кина и Јапонија за одредени острови, влошување на хуманитарната катастрофа во Јемен, пораст на криминал во Мексико, немири во Украина и друго.