Експлозии кај Марипољ
Објавено во: Свет 07 Септември, 2014 10:41
Во близина на градот Марипољ на истокот од Украина во саботата вечерта се слушнале силни експлозии, јавува агенцијата Франс прес.
Ден после потпишувањето на договорот за прекинот на огнот кој го потпишаа украинските власти и проруските бунтовници, кај пристаништето во Марипољ, а во воздухот се гледал густ облак од дим.
Известувачот на Франс прес јави дека е запален еден контролен пункт кој под контрола го држеа украинските сили. Три украинските тенкови се видени како во полна брзина се движат кон контролниот пункт, но брзо се свртеле, додека десетина приватни автомобили се движеле во спротивна насока, кон градот.
Спогодбата за прекин на огнот помеѓу Украина и проруските сили е постигнат во петокот во Минск, во рамки на Контакт хгрупата која ги опфаќа претставниците на Русија, Украина, ОБСЕ, и проруските бунтовници. Стапи на сила истиот ден во 18 часот.
Претседателите на Украина и Русија Петар Порошенко и Владимир Путин денеска во телефонски разговор констатирале дека прекинот на истокот од Украина „во голема мерка се почитува“.
Околку 2600 лица загинаа во судирите кои започнаа во април, кога проруските бунтовници завземаа неколку гардови во источна Украина.
Можеби ќе ве интересира
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




