17 Април, 2025
0.0373

ЕКСПРЕСНО СЕ ОГЛАСИЈА И ВЛАДАТА И ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА - одлуката на Судот во Стразбур е во полза на државава

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2023 12:41

Добивај вести на Viber

Експресно се огласија и од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски и од Владата, по одлуката на Судот во Стразбур. 

Претседателот Стево Пендаровски ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесена утрово.

„По објавувањето на одлуката од страна на Европскиот суд за човекови права, претседателот ја разгледа со советничкиот тим и смета дека сите засегнати со постапките поведени од страна на обвинителството и судовите во државата, треба своите права да си ги остваруваат пред домашните институции, како што е наведено и во одлуката на Судот во Стразбур. 

Во оваа смисла, сите постапки пред домашните судови продолжуваат до нивно конечно завршување, односно исцрпување на сите правни средства согласно правните прописи на нашата држава“, се вели во соопштениетпо од Кабинетот на Пендаровски.

Владата, исто така, ја поздравува денешната одлука на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) која е во полза на државата и потврдува дека жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени вклучително и во делот за наводните помилувања.

„Аргументите на Владата во однос на недозволеноста на апликациите се целосно уважени од страна на ЕСЧП. Спротивно на тврдењата на апликантите, ЕСЧП не утврдува прекршување на Европската Конвенција за заштита на човековите права (ЕКЧП).

Одлуката која денес ја донесе ЕСЧП се однесува на шест случаи кои пред Судот во Стразбур ја тужеа Република Северна Македонија со наводи за повреда на ЕКЧП по член 5 и член 6. Со одлуката, Судот смета дека жалбите на апликантите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови.  

Како држава членка на Советот на Европа, Владата ја користи оваа прилика да ја повтори својата посветеност и кон владеењето на правото и на Европската конвенција за човекови права и вредностите кои ја поткрепуваат. Како држава која води преговори со ЕУ со крајна цел полноправно членство на Северна Македонија во Унијата, посочуваме дека владеењето на правото е еден од највисоките приоритети.

Воедно, посочуваме дека Владата на Република Северна Македонија, во рамките на своите надлежности обезбедува поддршка за самостојно и независно функционирање на правосудниот систем. Во таа насока, би сакале да ја информираме јавноста дека со оглед на фактот што кривичните постапки на кои се однесуваат апликациите и оваа одлука на Судот во Стразбур, се сѐ уште во тек пред домашните судови, Владата во овој момент нема да дава дополнителни коментари, како не би влијаела на понатамошните процеси.

Воедно, ја информираме јавноста дека официјален превод на сижето од одлуката ќе биде доставено до јавноста во форма на соопштение од страна на Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред ЕСЧП, а ќе биде и прикачено на веб страницата на Владата во најбрз можен рок“, велат од Владата.

Можеби ќе ве интересира

КАКО ПАЛЕВСКИ ЌЕ ГО ПЛАТИ АДВОКАТОТ ШТО ГО БРАНИ? Еве што вели Страшевски

КАКО ПАЛЕВСКИ ЌЕ ГО ПЛАТИ АДВОКАТОТ ШТО ГО БРАНИ? Еве што вели Страшевски

„АКО САКАМЕ ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ ЛУЃЕВО, ВЛАДАТА МОРА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ЛУКСУЗИТЕ“: Пратеникот на СДСМ, Костовски вели да не јадат папаја и манго

„АКО САКАМЕ ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ ЛУЃЕВО, ВЛАДАТА МОРА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ЛУКСУЗИТЕ“: Пратеникот на СДСМ, Костовски вели да не јадат папаја и манго

„ЈАС БИ КУПИЛА КАРТА ЗА МОСКВА, ЕУ Е И ЗАБЕГАНА И ИЗГУБЕНА“: Ванковска за изјавата на комесарката Кос

„ЈАС БИ КУПИЛА КАРТА ЗА МОСКВА, ЕУ Е И ЗАБЕГАНА И ИЗГУБЕНА“: Ванковска за изјавата на комесарката Кос

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се наврши еден месец од пожарот во Кочани, за шест уапсени полицајци се одредени мерки за претпазливост

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се наврши еден месец од пожарот во Кочани, за шест уапсени полицајци се одредени мерки за претпазливост

МУРТЕЗАНИ: Ако Таравари јавно кокетира со Ахмети, го доведува во прашање целото функционирање на Владата

МУРТЕЗАНИ: Ако Таравари јавно кокетира со Ахмети, го доведува во прашање целото функционирање на Владата

НЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА НИВНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ФАЛСИФИКАТ: Maкедонци нелегално работеле како таксисти во Загреб

НЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА НИВНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ФАЛСИФИКАТ: Maкедонци нелегално работеле како таксисти во Загреб

ГЛАСАЈ СО СРЦЕ, ИЗБЕРИ СО РАЗУМ: Стерјовски објави дека во Албанија има и упатство за гласање на македонски јазик

ГЛАСАЈ СО СРЦЕ, ИЗБЕРИ СО РАЗУМ: Стерјовски објави дека во Албанија има и упатство за гласање на македонски јазик

ГО КРШЕЛЕ КАТАНЕЦОТ И КРАДЕЛЕ ВО ОБЈЕКТ НА МЖ ИНФРАСТРУКТУРА: „Пленот“ вреди 1.239.000 денари

ГО КРШЕЛЕ КАТАНЕЦОТ И КРАДЕЛЕ ВО ОБЈЕКТ НА МЖ ИНФРАСТРУКТУРА: „Пленот“ вреди 1.239.000 денари

„ВРИЕ“ ПОЛИЦИЈА КАЈ ГРАДСКИ ПАРК: Ќе играат Вардар и Црвена Ѕвезда

„ВРИЕ“ ПОЛИЦИЈА КАЈ ГРАДСКИ ПАРК: Ќе играат Вардар и Црвена Ѕвезда