Експресно згасна Фејсбук-група по заканата од Спасовски
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2020 15:03
Фејсбук групата „Ајде да плукаме по Бугари и бугараши“ експресно е избришана од социјалните мрежи откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера рече дека и меѓудругото и поттикнувањето на нетрпеливост кон источниот сосед ќе се третира како говор на омраза.
Во Фејсбук-групата „Ајде да плукаме по Бугари и бугараши“, во која се пласираат навреди и говор на омраза кон Бугарите и повици за насилство кон лицата со бугарско државјанство кои живеат на територијата на Македонија. Во истата група објавен е и список за плукање по „истакнати македонски бугараши“.
Софија очекува реакција од Скопје за говорот на омраза кој се шири на социјалната мрежа Фејсбук, а е насочен против Бугарите и лицата со бугарско државјанство, јавија бугарските медиуми.
Бугарската агенција БГНЕС објави дека ова било истакнато на вчерашната средба на привремениот шеф на Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија, кој бил на разговор во бугарското Министерство за надворешни работи.
На средбата било посочено дека Софија ја цени брзата акција од Македонија против провокациите, како палењето на бугарското знаме и манифестациите на говор на омраза на социјалните мрежи против членовите на бугарската влада, а дека очекува реакции и за повиците за насилство на Фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




