19 Декември, 2025
0.0474

ЕКСТРЕМНО ЛАДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: До самиот крај на неделава, поларно ладно, наутро и до околу -20 степени!

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2025 06:00

Добивај вести на Viber

Под влијание на веќе споменатата поларна воздушна маса која се спушта директно од Русија кон нашата Република Македонија, до крајот на неделава останува екстремно ладно, особено наутро кога температурите насекаде ќе бидат негативни, односно под нулата. На повеќе места температурата ќе се спушта до околу, па и под -10 степени, во делови од Македонија и до околу -15 степени, а во повисоките населени места, планините, и секако, Скијачките центри тие ќе се спуштаат под -15 степени, односно, до околу -20 степени, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Во Скопје и околината исто така ќе имаме многу ладно време, особено наутро кога температурата ќе се спушта до околу -10 степени.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат за неколку степени над нулата, а особено во повисоките населени и планински места, како и на Скијачките центри тие ќе останат негативни и преку ден, односно под нулата. Во најтоплите југоисточни предели температурите ќе бидат малку повисоки за разлика од останатите предели од нашата Македонија, односно тие ќе се искачуваат до околу 8/9 степени.

Позначително зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд и од снег барем одсега гледано ќе имаме во недела (23 февруари)“, објави тој.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот