ЕКСТРЕМНО ЛОША ЕКОНОМСКА СОСТОЈБА: Дури 82 проценти од работната сила во Непал е неформално вработена
Објавено во: Економија 21 Септември, 2025 08:54
Откако неодамнешните протести на младите поради корупција и невработеност го урнаа и запалија парламентот на Непал, селани како Сантош Сунар ги видоа нивните секојдневни маки како се претвораат во национални превирања.
31-годишникот е невработен и очајно бара работа, но се плаши од денот кога ќе најде работа бидејќи знае дека тоа веројатно ќе значи уште едно разделување на неговото семејство, што значи дека ќе мора да ја остави ќерка си кај баба му бидејќи неговата сопруга веќе е во странство.
„Тука нема можности дури ни по завршувањето на образованието“, вели Сантош, кој живее во селото Фарпингу, на периферијата на Катманду.
Сопругата на Сантош, Амрита (22), е келнерка во Дубаи.
Дури 82 проценти од работната сила во Непал е неформално вработена, а едно од пет лица на возраст од 15 до 24 години е невработено, според податоците на Светската банка.
Со малку можности дома, каде што БДП по глава на жител е само 1.447 долари, милиони Непалци избираат да одат во странство.
Дознаките од странство сега сочинуваат една третина од БДП, што го рангира Непал на четвртото место во светот. Во Фарпинг, речиси секое второ домаќинство има член на семејството во странство.
foto Wikipedia/Bijay Chaurasia
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




