18 Декември, 2025
0.0459

ЕКСТРЕМНО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА ВО АРГЕНТИНА: Изнесува 211.4 отсто и е највисока за 32 години

Објавено во: Економија 12 Јануари, 2024 16:10

Добивај вести на Viber

Аргентина се соочува со екстремно висока инфлација. Годишната инфлација во државата изнесува 211,4 отсто и е највисока во последните 32 години. 

Податоците го одразуваат силното влијание на низата шок-мерки, вклучително и девалвација од 50 отсто на националната валута, аргентинскиот пезос. 

Месечната инфлација во земјата беше 25,5 отсто во декември лани, повеќе од двојно во споредба со 12,8 отсто во ноември, но малку под 30 отсто што владата предвиде дека ќе биде.

Власта најави болни мерки насочени кон спречување на хиперинфлацијата и предупреди дека тие првично ќе имаат „негативно влијание врз нивото на активност, вработеноста, реалните плати и бројот на сиромашни луѓе во земјата“. Се смета дека денес околу 40 отсто од населението на Аргентина живее во сиромаштија. Државата претходно се соочувала со банкроти. Аргентина неодамна одби дефинитивно да се приклучи на БРИКС. 

foto freepik.com/pranavkr

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје